Реал Мадрид во финалето во недела вечер во „Соко Штарк Арена“ ќе игра против актуелниот европски шампион Ефес Пилсен кој на крилјата на невозможната тројка на Василије Мициќ на неколку стотинки пред крајот го совлада Олимпијакос во првото полуфинале.
Реал во Белград ја совлада Барса после серија од дури пет порази од вечниот ривал кој вечерва имаше дури и двоцифрена предност во еден момент (на полувреме Каталонците водеа 45:34).
До крајот гледавме неверојатно драматична кошарка а финишот му припадна на Реал Мадрид кој славеше 86:83.
Најефикасни кај „кралевите“ беа Гершон Јабуселе и Фабијан Козер со по 18 поени (вториов даде 14 поени во последна четвртина) а ветеранот Серхио Љуљ даде 15 поени од кои повеќето во последниот квартал.
Кај Барса најефикасен беше најдобриот кошаркар во Европа сезонава, Никола Миротиќ кој даде 26 поени со 12 скока и 5 асистенции.
Реал Мадрид и Ефес Пилсен ќе се судрат во големото финале во сабота од 19 часот. Претходно од 16 часот во дуел за трето место и бронза ќе играат Олимпијакос и Барселона.