Во драматичниот натпревар, Олимпијакос го имаше првиот дел, Ефес се разгоропади во третиот и четвртиот период, долго време водеше и на крајот имаше напад за победа.
Во белградската „Соко Штарк Арена“ имаше преку 10.000 навивачи на Олимпијакос кои на крајот со студен туш ги полеа најдобриот играч во Евролигата минатата сезона, Василије Мициќ:
Шејн Ларкин беше најефикасен кај Анадолу Ефес со 21 поен, Елајџа Брајант додаде 16, а јунакот Василије Мициќ го заврши полуфиналето со 15 поени. Кај Олимпијакос прв стрелец беше Мекисик со 12 поени, додека Дорси, Мартин и Слукас уфрлија по 10 поени.
Во второто полуфинале, Барселона и Реал Мадрид ќе го играат големото Ел Класико за влез во финале.