
Следната сезона ќе му биде 69-та на Евертон во Премиер лигата. Единствено Арсенал со 97 сезони по ред без испаѓање во втора лига има подолга серија во англискиот фудбал.
Навивачите на Евертон влегоа на терен и за победничкиот гол и после судиската свирка за крај на мечот. Еден навивач го провоцираше гостинскиот менаџер Патрик Виера кој одговори така што физички го нападна.