Offside

Најдобриот македонски голман им се приклучи на тренинзите на Валенсија од пред повеќе од две недели, а во меѓувреме бранеше и на пријателската средба против Стоук Сити која заврши 1-1. Кумановецот во разговор за шпански медиум раскажа за новата сезона и што ги чека во неа.

Каков беше Наполи со Валтер Мацари, старо-новиот тренер

Прва победа на Наполи против Јувентус во Торино после цели 20 години, прв пехар после 22 години, враќање во Лига на шампиони, пројдена група со Баерн Минхен, Сити и Виљареал и за малку чудо против силниот Челси. После десет години Мацари изгледа се враќа во Неапол.

Навивачите на Реал Сосиедад со сценски настап за Палестина

Навивачите на Селтик со години беа најгласни поддржувачи на палестинскиот народ меѓу навивачите. Неодамна управата на шкотскиот клуб решила да и забрани влез на групата Green Brigade поради политички пароли од трибината каде што стојат. Во меѓувреме други навивачки групи застанаа во поддршка на Палестина, а најгласни се оние од Реал Сосиедад, шпанскиот прволигаш кој игра и во Лига на шампиони.

Го имаме ли најдолгото изведување на аут во историјата?

Следен пат намали го залетот, да не ја бараме во река топката.

Најдобриот фудбалски тим на Македонија на сите времиња

Респектабилната Фејсбук страница „Istorija ex yu fudbala“ нè отвори со последната објава. Се обиде да ги избере најдобрите 11 на Македонија на сите времиња. Изборот воопшто не им е лош и покрај коментарите.

Како Жунињо Паулиста првпат видел снег на 22 години во Јоркшир

Како што генерации се вљубуваа во некој симпатичен просечен клуб поради некој играч, така и на времето Мидлзборо имаше свои следбеници поради Бразилецот Жунињо Паулиста, мајсторот на фудбалот.

На јака ретро фотографија налетавме

Лево Владимир Југовиќ, десно Ален Бокшиќ. Легенди на едно незаборавно време. Се враќаат од Токио, после освојување на Интерконтиненталниот Куп 1996.

На Англија за 400 и 600 денари

Фудбалската федерација на Македонија во понеделникот ги пушти во продажба влезниците за мечот меѓу Македонија и Англија закажан за 20-ти ноември.

Прекин на дербито во Мостар поради навредливи симболи

На стадионот „Роѓени“ во Мостар синоќа се одиграло градското дерби меѓу Вележ и Зрињски. За едните навива воглавно босанската етничка заедница во градот за другите хрватската. Мечот поминал во напната атмосфера, домаќините на крајот победиле со 3-0 но натпреварот бил неколку пати прекинуван. Еднаш поради тоа што домашните навивачи извадиле знаме на кое биле исцртани симболи на кукаст крст, усташки симболи и Давидова ѕвезда па после знакот еднакво е нацртан машки полов орган.

Интелигентен е голманот на Гремио

Гремио со пораз дома од Коринтијанс 0-1 како да се предаде во трката за титулата. Гремио е трет со 59 бода, Ботафого е втор со 60 бода а Палмеирас прв со 62 бода. Во триумфот на Коринтијанс на гости интересен момент имаше во 75’ минута кога гостинскиот голман Касио пропушти една топка од индиректен удар да влезе во голот зошто правилото вели дека од индирект нема погодок директно во мрежа.

Седум лацијали од Македонија сведоци на голот број 200 на Имобиле, вреден победа над Феенорд

„Многу Италијанци мислат дека за Лацио навиваме поради Пандев, а ние им објаснуваме дека страста потекнува уште од времето на Крањоти, за кој имаме тазе анегдота и тоа во кафулето кое го посетува секоја недела, а во кое седевме ден после победата“.

Ѓоковиќ го доби најчудното барање за автограм

Ова ќе му дојде нешто како привремена тетоважа која уште на прво туширање ќе оди во историјата.

Голманот што прими чудесен гол од Интер е навивач на Интер

Интер продолжи со победничкиот марш. Во неделата го совладаа Фрозиноне 2:0 а еден од головите го даде бекот Федерико Димарко. Неверојатно ефектен погодок кој е најубав на колото во цела Европа.

Редок момент се случил на фудбал во Австралија

На мечот меѓу Западен Сиднеј и Перт Глори (2:0), домашниот играч Тејт Расел шутира со сета сила во противничкиот гол а таму зад линијата стои неговиот соиграч Брендон Борели. За нивна среќа голот бил признат.

Евроголот со ефе од Ирска во големо финале

Во бараж мечот за пласман во најдобрат ирска лига, Ватерфорд го победил Корк Сити со 2-1 после пресврт а најубавиот гол на месецот го постигнал Конор Парсонс.

Има ли нешто што не може Јокиќ?

На Тони Симиќ на времето му замеруваа бидејќи како центар шутирал многу тројки. Ќе се најде ли јунак што ќе му замери на Никола? Погледнете го што прави на тренинг и внимавајте добро. Една со лева рака ќе ја даде, а деснак е.

Харден се изглупира, па доби јака блокада

И покрај тоа што склопи ѕвезден тим од неколку големи имиња, ЛА Клиперс никако да „кликне“. Синоќа изгубија 105-101 од Мемфис Гризлис и тоа им е шести пораз сезонава, трет откако Џејмс Харден го засили тимот од Лос Анџелес.

А дали го приметивте голот на Џонџо Шелви?

За оние кои не знаат, Џонџо Шелви игра за турски Ризеспор. Иако делува дека е ветеран со оглед на годините поминати во англискиот фудбал, Шелви има 31 и игра во одлична форма. Доказ за тоа е еден еврогол што постигнал на мечот против Истанбулспор во 5’ минута. Победнички.

Јокиќ со маестрална партија но не можеше сам

Во уште една богата НБА вечер, шампионот Денвер Нагетс изгуби 107:104 од Хјустон Рокетс. Никола Јокиќ го запиша 109-от трипл-дабл во кариерата. Постигна 36 поени, 21 скок и 11 асистенции. Покрај него Портер постигна 25 поени, Гордон 16 а Џексон 14 поени. Кај Нагетс потфрли клупата. Хјустон Рокитс до шестиот триумф по ред ги водеа Фред ВанВлет со 26 поени и Алперен Шенгун со 23 поени, 8 скока и 5 асистенции.

Ѓоковиќ кршеше рекети и на крај го скрши отпорот на Руне

Во три часа игра Новак Ѓоковиќ на многу потежок начин од очекувањата го победи младиот Данец Холгер Руне со 2-1 во сетови на АТП финалните дуели во Торино. Новак го доби првиот сет но Руне израмни на 1:1 и покажа дека ќе биде тврд орев. На крајот Ѓоковиќ го крена темпото на игра и го освои третиот сет 6:3 за прв триумф во Торино.

Кога Ракитиќ ќе распали, тоа е празник за очи

Иван Ракитиќ е специјалист за ракети. Пред само две недели распали против Кадиз и сега пак против Бетис. И во двата наврати ја спасува Севиља од пораз. Страшен гол.

Димарко одлепи со еврогол од 56 метри

Интер го совлада Фрозиноне со 2:0 во 12. коло од Серија А и остана лидер на табела. Цела Италија зборува за голчиштето на Федерико Димарко на кој му измерија дека успеал да го лобува голманот од точно 56 метри.

Интересен гол на Винисиус и врвен дриблинг на Родриго

Со по два гола на Бразилците и еден на Карвахал, Реал Мадрид со 5-1 ја растури Валенсија и задржи чекор со водечката Жирона која исто славеше на гости кај Рајо Ваљекано со 1-2. На „Сантијаго Бернабеу“ синоќа Родриго покажа раскошна техника а Винисиус даде гол со гради.

Од каде Жирона на прво место во Шпанија пред Реал и Барса?

Во една од најголемите европски трки за титула стриктно со три клуба, сега изненадно се вмешува и четврти. Од нигде никаде би се рекло малата Жирона има 10 победи и е прва во шпанска Ла Лига. Како?