Offside

Малкумина знаеја, а уште помалку можеа да претпостават дека на теренот во Жилче тренира еден од најголемите фудбалски асови на денешницата.

Ова стана многу сериозно - Леверкузен непоразен на 40 натпревари по ред!

Лидерот во германското првенство Баер Леверкузен направи уште едно големо шоу откако се пласираше во големото финале на германскиот Куп. Со триумфот 4-0 над второлигашот Фортуна Дизелдорф, Леверкузен ја продолжи неверојатната рекордна серија од 40 натпревари без пораз во сите натпреварувања!

Петковиќ со смирен тон кон БББ, Ристовски им носеше вода

Динамо Загреб во рок од 5 дена два пати го добива дербито против Хајдук и на тоа на гости со идентични 0:1. Во саботата во првенство, синоќа во полуфиналето од Купот. Торцида очигледно не можеше тоа да го поднесе и влета после мечот на терен. Играчите на Динамо бегаа во соблекувална.

Тадиќ со еврогол од 50 метри ги запали навивачите на Фенербахче

Фенербахче славеше протид Адана Демирспор со 4:2 и тоа се одржа на -2 зад лидерот Галатасарај во борбата за титулата. Потегот на мечот го има Душан Тадиќ кој ја опали на волеј од пола терен.

Понижување еден на еден во режија на Барела

На Симоне Инѕаги му се насмевнува првото Скудето во тренерската кариера кое за Интер ќе биде број 20. Имаат силен тим, со добра клупа и се недостижни на +14. Една од главните алки им е италијанскиот репрезентативец Николо Барела. Погледнете што му направи на својот чувар. Го изеде како на мал фудбал.

Гвардиола го брани Халанд од нападите на Рој Кин

Што би рекол Пеп право чудо е како поранешен играч може да лупне такво нешто (се уверивме и пред некој ден со Кукоч кој неумесно го спореди Јокиќ со Дино Раѓа). Да доаѓа тоа од некој самопрозван аналитичар па да не ти е криво, ама Рој Кин.

Микел Хансен става крај на кариерата

Најдобриот дански и еден од најдобрите светски ракометари, Микел Хансен (36) соопшти дека летово по крајот на актуелнава сезона ја завршува својата кариера.

Како Комити ги работеа графитите во Козле

Добри Комити еј, одлични. Изгинаа за клубот. На сета мака со пари, неизвесност, испаѓање од лига, враќање во лига и празни ветувања, упорно го држат Вардар на свои плеќи, без ќорав спонзор, а истовремено го одржуваат и имиџот. Од неделната дружба во Козле каде изработија три големи графити, објавија и мангупско видео.

Натпреварот на некосена трева кој стана хит

Пред почетокот на Купот на Перу, се игра турнир Макари Фудбал Дистрикт Лига од каде победниците одат во главната фаза на Купот. Играат најчесто нисколигаши. Така еден меч меѓу Себолитас и Емпреса Комунал на стадионот „Тупак Амару“ во градчето Мелгар станал хит на социјалните мрежи глобално затоа што тревата не била косена со недели. Купот на Перу се игра од 1967-ма година а најуспешен со најмногу пехари е Атлетико Торино (5 Купа).

Стеф Кари и Лука Дончиќ направија шоу од пола терен

Во дербито на вечерта, Голден Стејт Вориорс со 104-100 го доби Далас Маверикс. Ендрју Вигинс беше најефикасен кај „воините“ со 23 поени, четири скока и две асистенции. Стеф Кари имаше скромен учинок од 13 поени и по 7 скока и асистенции. Лука Дончиќ стигна до нов трипл-дабл со 30 поени, 12 скока и 11 асистенции. А пред натпреварот правеа циркус со Кари со шутеви од пола терен.

Тонали се кладел на свој жолт картон во Њукасл

На 12-ти август минатата 2023-та година Њукасл ја отвори сезоната спектакуларно, со победа од 5-1 против Астон Вила. Навивачите на клубот од „Сент Џејмс Парк“ беа во екстаза. Им дојде од Милан најскапото засилување во историјата на клубот, Сандро Тонали (23) кој блесна со гол на дебито токму на овој меч.

Ќе речеш третолигаши vs второлигаши, а приредија шоу како за титула

Едните играат во трета лига, на табела се 11-ти, a го елиминираа Баерн. Другите се второлигаши кои се борат за опстанок и кои истовремено обезбедија пласман во финале. Купот во Германија сезонава е нешто посебно.

Што волеј ќе беше ова бе дете?

Николас Фонсека е роден во Неапол, годинава дебитирал за селекцијата на Уругвај, а член е на Ривер Плејт. Можеби некој ќе се сети на татко му Даниел Фонсека кој во 90-те играше за Наполи, Рома, Јувентус. Гледајте како му легна на пуна. Кутар голман, се исчаши целиот.

Ново душманско забивање на Ентони Едвардс

Минесота Тимбервулвс го доби Хјустон Рокетс со 113-106. Наз Реид беше играч на мечот со 25 поени, шест скока и две асистенции, а Ентони Едвардс стигна до 21 поен со пет скока и три асистенции. И го имаше второ најлудо забивање, негово лично, по она претходно кое важи за најдобро на сезоната.

Лекција од Јокиќ за Спарс - 42 поени со три забивања

Денвер Нагетс со 110-105 го совлада Сан Антонио Спарс на свој терен а одново доминантна фигура во тимот на шампионот беше нивниот лидер Никола Јокиќ.

Тренерот на Фулам направи три фрустрирачки измени во 30-та минута

Во натпревар од 31. коло во англиската Премиер лига, Нотингем Форест со 3-1 го совлада Фулам. Домаќините имаа 2-0 после само 19 минути игра, па гостинскиот тренер лут и кивен реши да направи тројна измена уште во 30-та минута. Права реткост е ова во фудбалот.

Блескави 45 минути за Роналдо со хет-трик и две асистенции

Во рок од четири дена, Кристијано Роналдо постигнува два хет-трика. Првиот во второ полувреме за 23 минути, вториот во прво за 31 минута. Така бе Кики, со фудбалски вештини полни ги насловните, а не да се корнеш од нервози за безвезни провокации.

Запознајте го македонскиот Лука Дончиќ кој одлепи со две тројки од паркинг

Се вика Бојан Стојановски, игра за второлигашот МЗТ Уни Банка, има 19 години и има рака сатар. Не паметиме дека Стефон Кари или Лука Дончиќ постигнале две тројки од кош на кош, на ист натпревар и тоа со звукот на сирената. На Бојан тоа му успеа на гостувањето против Мега баскет во Прилеп, меч кој го добија домаќините. И неговите се држеа за глава.

Нешто старо од Двејн Вејд, ама многу јако

Се работи за 2005-та кога Спарси беа шампиони. Главната ролја во видеово ја има Двејн Вејд, 23 годишен во тоа време. Мајами води против Феникс и се игра крајот на третата четвртина, што значи не е зорт за да се експлодира вака, ама Вејд се истакнува со крајно дрска игра во одбрана и уште подрзок кош.

Што е појако, пиво или гол?

Џенова одигра 1-1 со Фрозиноне и освои бод кој ги држи 10 поени над опасната зона за испаѓе. Под цртата и над цртата за втора лига се Емполи и Фрозиноне со по 25 бода. Навивачите на Џенова го прославија голот од пенал на Алберт Гудмундсон а некој остана без пивце.

Каква голчина падна во Норвешка

Во 1. коло од новата сезона во норвешката фудбалска лига Елитесериен, трофејниот Розенборг отвори со триумф од 2-0 над Сандерфјорд. Првиот гол на мечот беше дело на шпицот на домаќините, деветката Уле Сетер кој ја звизна од преку 25 метри во агол.

Ти треба гол во судиско? Викни го Шик

Ако на нецели два месеци до крајот на клупскиот фудбал може да прогласиме шампион во некоја од топ 5 лигите, тоа се дефинитивно Интер (+14), Баер Леверкузен (+13) и ПСЖ (+12). Ова со момците на Чаби Алонсо сезонава е бајка број 1 и одличен материјал за Нетфликс.

Еврогол во трета македонска лига падна во Дојран

На дуелот од Трета македонска фудбалска лига - Исток меѓу Дојранско Езеро и Овче Поле славеле домаќините 2-1. Слободан Митков постигнал еврогол од слободен удар од преку 30 метри. Со овој триумф Дојранско Езеро му се приближил на само три бода на Овче Поле на табелата на Истокот.

Каролина му е мајката за непослушни фудбалери

Млада, атрактивна и со многу авторитет. Само да чуете како ги строи на терен. „Кога ќе кажам чекај, има да почекаш. Сакаш картон да јадеш?“ Царица.