Еврогол во трета македонска лига падна во Дојран

На дуелот од Трета македонска фудбалска лига - Исток меѓу Дојранско Езеро и Овче Поле славеле домаќините 2-1. Слободан Митков постигнал еврогол од слободен удар од преку 30 метри. Со овој триумф Дојранско Езеро му се приближил на само три бода на Овче Поле на табелата на Истокот.

Прв на табела е Вардарски со 27 бода, втор е Овче Поле со 23 бода, Слога Виница има 20 бода а Дојранско Езеро исто има 20 но е на 4-та позиција.

2 април 2024 - 12:54