Ќе речеш третолигаши vs второлигаши, а приредија шоу како за титула

Едните играат во трета лига, на табела се 11-ти, a го елиминираа Баерн. Другите се второлигаши кои се борат за опстанок и кои истовремено обезбедија пласман во финале. Купот во Германија сезонава е нешто посебно.

Кајзерслаутерн е првиот финалист во германскиот Куп, откако синоќа во полуфиналето го говладаа Сарбрикен на гости со 0:2, третолигашката бајка која ги освои симпатиите на неутралните навивачи.

Ритер и Туре во вториот дел му пресудија на тимот кој вечно ќе го памети сензационалниот пат до полуфиналето во Купот на Германија.

Го елиминираа Карлсруе во 91-ва, а потоа дури три бундеслигаши. Баерн во 96-та, потоа Ајнтрахт Франкфурт, па Борусија Менхенгладбах во 93-та минута. Но немаа сили за уште еден подвиг кој ќе значеше финале.

Но Сарбрикен не е единственото изненадување кое се бореше јуначки на овој турнир. Кајзерслаутерн е исто така необична приказна. Замислете, паралелно со славјето за пласман во финале, мора сериозно да мислат на првенствените битки.

Ако ја отворите табелата во германската втора лига, ќе ги најдете дури на 16-та позиција која носи испаѓање во трета лига. Во моментов се куси 1 бод, а до крај има уште само 7 кола.

Во 2015-та Кајзерслаутерн испадна од Бундеслига, а во 2018-та не успеа да обезбеди опстанок во Цвајта. Следната година за малку ќе останеа без лиценца и ќе завршеа во четврта лига.

И после сите овие перипетии и жестоката борба за опстанок во втора лига која им престои, на 25 мај во Берлин ќе се борат за трофеј откако ги елиминираа Рот-Вајс Кобленц, Нирнберг, Херта Берлин и Сарбрукен. Противник ќе им биде подобриот од дуелот Баер Леверкузен - Фортуна Дизелдорф кој се игра вечерва.

Инаку Купот го освоија во 1990 и 1996-та, а ова ќе биде нивно прво финале после 2003-та година кога загубија во Баерн Минхен.

Кајзерслаутерн е прв финалист во Купот на Германија од понизок ранг на натпреврување после 2011-та и има најави за присуство на 50.000 навивачи во Берлин.

Погледнете ја атмосферата од полуфиналето меѓу третолигаш и второлигаш, пример за тоа како се сака клуб без разлика на нивниот ранг. Шоу направија и двете навивачки групи.

Одиме прво со домаќинот Сарбрукен.

Па гостите од Кајзерслаутен.

 
3 април 2024 - 09:45