Двократниот МВП на НБА лигата постигна дури 42 поени (18/32 од игра) со 16 скока и шест асистенции и демонстрираше сила над фаворитот за наградата руки на годината - високиот Французин Виктор Вембанјама.
Интересно, Јокиќ дури три пати заби на овој меч што е права реткост во неговата игра, а тоа го стори за да ја пробие одбраната на Вембанјама.
Двајцата имаа и дуел еден-на-еден во неколку наврати а Јокиќ доби и неколку блокади.
Joker wills the @nuggets to a down-to-the-wire win to retake control atop the West standings!
— NBA (@NBA) April 3, 2024
🃏 42 PTS (18-32 FGM)
🃏 16 REB
🃏 6 AST pic.twitter.com/bk82G9PMXh
„Вечерва имаше (Вембанјама) околу 600 блокади но ние победивме“, се насмеал Јокиќ на крајот од мечот.
Nikola Jokić was asked if he said anything to Victor Wembanyama after dunking on him.
— Matt Brooks (@MattBrooksNBA) April 3, 2024
He said he told Wemby: "If you block one more shot, I'm gonna..."
"But he blocked like four after that, so I didn't do anything about it." pic.twitter.com/dVqQ3W4lww
It's the first time in NBA history that 3 players have record 20+ triple-doubles in a single season.
— NBA History (@NBAHistory) April 3, 2024
Domantas Sabonis: 26
Nikola Jokic: 23
Luka Doncic: 20 pic.twitter.com/JL1j5199pV
Покрај Никола, одличен настап имаа и Арон Гордон со 23 поени и Мајкл Портер со 15 поени. Кај Спарси дури седум играчи беа двоцифрени. Вембанјама уфрли 23 поени со 15 скока, осум асистенции и дури девет блокади, а Малаки Бренам стигна до 24 поени.
Нагетс е прв со меч повеќе од Минесота Тимбервулвс. Денвер има 53 победи и 23 порази.