Каролина му е мајката за непослушни фудбалери

Млада, атрактивна и со многу авторитет. Само да чуете како ги строи на терен. „Кога ќе кажам чекај, има да почекаш. Сакаш картон да јадеш?“ Царица.

Каролина Бојар Стефанска има 26 години, родена е во Краков, по професија е правник, а на терен гази како судијка.

Прво што ни падна на памет откако ја чувме колку е строга на терен, посакавме да им ја пуштиме тука на нашиве, посебно на оние за кои нема ни ред ни поредок.

Гледајте и слушајте што ти значи авторитет.

Инаку Каролина на 17 години запишала курс за судии и таа е една од оние кои го отфрлаат митот дека во фудбалот нема место за жени, а судијата е типично машка работа.

Љубовта кон судењето и ја всадил дедо ѝ кој за време на натпревари на тв и ги објаснувал правилата на игра.

Сопругот и е исто така судија, а го запознала на работно место за време на пријателски натпревар во Полска. Даниел Стефански на тој меч бил главен судија, а таа била асистентка.

Се вереле во Тајланд, а се венчале во Грција на островот Санторини. 20 години е постар од нејзе.

За време на едно дерби меѓу Висла Краков и Краковија, Даниел бил критикуван на социјалните мрежи за контрадикторни одлуки во корист на Висла, инаку омилениот тим на Каролина.

„Нема да фарбам нокти во боите на полските клубови, за да нема обвинувања за мене и мојот сопруг“, им одговори таа иронично.

Откако „Сан“ ја прогласи за најсекси судијка, стана многу популарна. На Инстаграм стигна до 170.000 следбеници по што добила понуди за манекенство, но и од Плејбој.

 

 

2 април 2024 - 12:09