„Ова се случува пред очите на судиите, кои како имаме информации биле заклучени пред натпреварот во соблекувална и им било претено не знаеме што точно се им кажале. Судиите како и останати луѓе се од крв и месо и нормално дека подлегнале под притисок.
Имаше најмалку околу 30 намерни старта со отворена нога што не е дозволено во фудбалот.
Пред почеток на натпреварот од полиција ни рекоа дека има најава дека публика ќе влезе преку ограда во теренот да не нападне и ни дадоа насока каде да бегаме да можат да не заштитат.
Да не заборавиме дека се имаат јавувно на фудбалерите и на нивните семејства и им се заканувале.
Луѓе каде живееме во Македонија или во Колумбија?
ГФК Куманово ветува дека секогаш ќе играме фер и коректно, дека секогаш гостинските екипи и судии ке ги пречекаме најдомаќински и така ке ги испратиме.
СО ПОЧИТ
ГФК КУМАНОВО“
Нова третолигашка лакрдија, овој пат со закани по живот за кумановци