Таг: македонска трета лига

Жунињо од Долни Дисан

Слога Лажани - Венец Долни Дисан (2:6), трета македонска лига, ни носи клип од оние што секогаш со душа ги чекаме. Со автентичен стадион за наши услови и слободен удар на мајстор Марјан Илов.

Како играч на Шкендија Арачиново се поздравуваше со кумановци?

Чуден штоф од држава сме, а за фудбал па да не правиме муабет. Една недела мина од тензичното третолигашко гостување на Куманово против Шкендија од Арачиново на кое посочија дека се соочиле со закани и ќотек и никој ништо не презема. Кумановци објавија видео од поздравувањето пред мечот. „Луѓе каде живееме во Македонија или во Колумбија?“, велат во нивното соопштение.

Нова третолигашка лакрдија, овој пат со закани по живот за кумановци

„На самото пристигнување на стадионот во Синѓелиќ луѓето кои требаа да обезбедат ред на стадионот, значи редари облечени во зелени панцири почнаа да се закануваат на нашите фудбалери дека живи нема да излеземе од стадионот. Пред стартот на натпреварот еден наш фудбалер е удрен со тупаница од домашниот фудбалер во пределот на лицето“.

Филмска измама во мак фудбалот веројатно незабележана на друго место на планетава

Газета дело Спорт, Скајспорт, БиБиСи, Марка и сè што е друго познато во светски рамки како медиум кој се занимава со спорт, нека повели насловна страна за денес. Во историја немаат напишано ваква вест.

Македонската трета лига го виде Дидие Дрогба

Исушена трева, дрвја, куќи и ограда на која висат луѓе, а позади гол пченки. Типичен амбиент за третолигашки меч на кој се среќаваат Локомотива Градско и Црнилиште. И кога наеднаш еден габаритен шпиц ја полни левицата за која ќе зборува цело село.

Марјан Ибрахимовиќ од Удово

Стрелецот на голот се вика Марјан Костадинов, ама ние со целосно право му го сменивме презимето само за насловот кој го заслужи. Во македонската трета лига да ти има и какви голчишта на волеј. Младост од Удово против Спартмани од Градско Балдовци (3:1) и оној препознатлив коментар од трибина: То мајсторе.

Го знаете ли Сусо од Илинден?

Влатко Петровски, фудбалерот на Илинден е стрелец на еден од најубавите голови сезонава во македонскиот фудбал. На мечот од третата лига против ФК Петровец, домашниот фудбалер постигна гол од корнер.

Еврогол во Пехчево ко за Лига на шампиони

ФК Кит Го Пехчево против Брегалница Голак, трета македонска лига - исток. Александар Ѓеоргиевски од гостинскиот тим најверојатно после овој гол има добиено нов прекар: Роберто Карлос.

Збирното место на македонски третолигаш пред натпревар

Не е на стадион, ни пред стадион, ниту пак во тренинг центарот (ако постои такво нешто) или пак пред него, туку:

Топот од Сатеска во село Волино

ФК Сатеска е македонски фудбалски клуб од село Волино, Општина Дебарца. Игра во 3-та лига југозапад. Најголем успех во клупската историја е пласманот во 1/18 финалето од Купот на Македонија. Името на клубот доаѓа од реката Сатеска која минува низ селото. Викендов Волинци на стадионот “Ѓоргов мост“ го пречекаа Фљамуртари и мечот го оправда епитот дерби на колото.