Филмска измама во мак фудбалот веројатно незабележана на друго место на планетава

Газета дело Спорт, Скајспорт, БиБиСи, Марка и сè што е друго познато во светски рамки како медиум кој се занимава со спорт, нека повели насловна страна за денес. Во историја немаат напишано ваква вест.

Урнебесната комедија која заслужува светско внимание ни доаѓа од третолигашкиот фудбал, поточно од дуелот меѓу Осогово од Кочани (баш вчера ги спомнавме во убав контекст) и Спартмани од струмичко.

Во случајот се крие мистерија со играч, очигледно со двоен идентитет.

Се работи за голманот на Спартмани кој не е до крај јасно кој е уствари, односно како се вика?

Бил пријавен во официјалниот записник на мечот под името Јосиф Милчев. И сега внимавајте што се случува.

По завршувањето на мечот кој минал со инциденти прво на терен, а потоа и во тунелот, голманот се пожалил дека е нападнат и побарал итна медицинска помош.

Потоа се упатил во полиција за да го пријави нападот. Но во полицискиот билтен во станица во Кочани стои како Филип Лазаров.

Ова име и презиме идентично како поранешниот ракометен репрезентативец е чудно што па не е зеведно во записникот на натпреварот.

48 часа по завршувањето на мечот од Третата лига, сè уште е мистерија кој е голманот кој бранеше за гостите од струмичко? Јосиф или Филип?

Виа

29 март 2023 - 13:22