Само неколку дена после стресното гостување на Еуромилк Горно Лисиче во село Коњаре, каде пред клупа на гостите им фрлаа петарди, во македонскиот третолигашки фудбал се одигра уште еден небезбеден натпревар.
Жртви се разбира повторно се гостите, како што е редовна пракса во нашиот фудбал, особено нисколигашкиот. Домаќинот секогаш мора да победи, инаку тешко на гостите и судиите.
ГФК Куманово пушти на ФБ соопштение во кое посочува дека на гостувањето против Шкендија Арачиново, пред мечот добиле закани по живот и тоа од редарите, а еден играч попил бокс.
„На самото пристигнување на стадионот во Синѓелиќ луѓето кои требаа да обезбедат ред на стадионот, значи редари облечени во зелени панцири почнаа да се закануваат на нашите фудбалери дека живи нема да излеземе од стадионот. Пред почетокот на натпреварот истите редари дојдоа до клупата за резервни играчи каде беа нашите фудбалери и почнаа да се закануваат и вербално да ги малтретираат нашите фудбалери. Пред стартот на натпреварот еден наш фудбалер е удрен со тупаница од домашниот фудбалер во пределот на лицето. Иако имаме неколку фудбалери со прволигашко искуство видно дека беа исплашени, а што да кажеме за нашите млади фудбалери кои беа загрижени за нивните животи“, стои во соопштението на кумановци
Снимки од инцидентите нема, но затоа има фини коментари на ФБ во очи на дербито.
Се мисли на овој рандом клип
Претседателот на Куманово сподели порака со ковчег која ја добиле пред мечот.
Единствениот клип кој го најдовме од мечот