Пцовки, шамари, клоци на гостувањето на Еуромилк ГЛ во Коњаре, е насловот на кој налетавме на најславната видео платформа Јутјуб. Веднаш до него уште едно видео од истата тематика насловено како „Фудбал со мирис на крв“.
Благодарностите за овие драгоцени снимки одат кај Мијалче Дургутов, долгогодишен спортски новинар на СКОК, кој известувал од 9 Мундијали и кој сега со името на култниот весник прави видеа на разни фудбалски теми.
Почна со Италија 1990 и фати низа до Катар 2022, ама тоа не го спречува да направи репортажа од фудбалски натпревар во село Средно Коњари.
Се работи за дерби од Трета лига север, БВК Коњаре vs Еуромилк Горно Лисиче (0:0).
За домаќините голем бод и голема радост на крајот, бидејќи играле со играч помалку уште од 5. минута поради директен црвен картон на Ардиан Сулејмани. За гостите разочараност, ама и стрес.
Амбиентот и случувањата на терен, како и однесувањето на играчите се во склад на рангот на натпреварување. Закани, кошкања, удари во сред игра, турканици, па дури и петарди пред самата гостинска клупа.
Од публика се знае што ќе чуете. „Удри го судијата, што го гледаш“, е само еден од коментарите.
Одиме со вовед од 1 минута
Малку поширока верзија
Репортажа од самото пристигнување во село Коњари.