Таг: шкендија арачиново

Како играч на Шкендија Арачиново се поздравуваше со кумановци?

Чуден штоф од држава сме, а за фудбал па да не правиме муабет. Една недела мина од тензичното третолигашко гостување на Куманово против Шкендија од Арачиново на кое посочија дека се соочиле со закани и ќотек и никој ништо не презема. Кумановци објавија видео од поздравувањето пред мечот. „Луѓе каде живееме во Македонија или во Колумбија?“, велат во нивното соопштение.

Нова третолигашка лакрдија, овој пат со закани по живот за кумановци

„На самото пристигнување на стадионот во Синѓелиќ луѓето кои требаа да обезбедат ред на стадионот, значи редари облечени во зелени панцири почнаа да се закануваат на нашите фудбалери дека живи нема да излеземе од стадионот. Пред стартот на натпреварот еден наш фудбалер е удрен со тупаница од домашниот фудбалер во пределот на лицето“.