Offside

Поранешниот клупски колега на Пандев, даде брутално искрен и директен коментар за вчерашното полуфинале од ЛШ, за кое вели дека било ужасно здодевно.

И во Англија на селски фудбал бркаат судии

На дуел меѓу младинските екипи У-18 меѓу Портланд Јунајтед и Мерли Комон во Дорсет во неделата, линискиот судија Роџер Хјуз бил бркан од еден родител.

Мерцедес после Ф1 трката во Јапонија му го појача прометот на Ред Бул

Макс Ферстапен изминатиов викенд победи на патеката „Сузука“ и ја осигура конструкторската титула за неговиот Ред Бул. Австријците потоа не можеа да навасаат со нарачки за пијачки, само поради еден гаф на Мерцедес.

Формата е минлива, класата е вечна

Во првиот дуел од полуфиналето на Копа Судамерикана, ЛДУ Кито со 3-0 убедливо ја совлада аргентинска Дефенса и Јустисија и носи огромна предност на реваншот. Играч на мечот бил 39-годишниот легендарен Перуанец, Хозе Паоло Гуереро кој постигнал два прекрасни гола.

Жирона е неочекуван лидер пред Реал и Барса во Ла Лига

Новата сезона е како бајка за шпанска Жирона. Тимот предводен од одличниот тренер Мичел го совлада и Виљареал со 2:1 во натпревар во кој создале 10 шанси за гол за 90 минути и имале 14 удари кон противничкиот гол.

Лазар Самарџиќ направи дар мар во Неапол и даде убав гол

Италијанскиот шампион Наполи со 4-1 убедливо го совлада Удинезе. Цел натпревар помина во тоа да се види како ќе се однесуваат Осимен, навивачите и Руди Гарсија. Нигериецот даде и гол, се ракуваше со тренерот, Кваратцхелија се израдува на гол после цели 6 месеци и 27 меча, но мајсторија имаше и српскиот репрезентативец Лазар Самарџиќ.

Кваратцхелија даде гол после 191 ден

Лидерот на грузиската репрезентација која е на одличен пат да се пласира на прво Европско првенство во историјата, Квича Кваратцхелија синоќа на мечот Наполи - Удинезе (4-1) постигна гол после 27 натпревари и 191 ден од последниот погодок. Грузиецот лани заедно со Виктор Осимен беа најзаслужни за освоеното скудето на Наполи.

Што му напишаа навивачите на Наполи на Осимен?

Виктор Осимен постигна гол против Удинезе, се поздрави со Руди Гарсија, а Наполи победи. Се чини работите се стабилизираат. Но стигна порака и од трибина.

Сензационален гол на Ипсвич за голем пресврт од 0-2

Англискиот Лига Куп донесе некои интересни резултати. Њукасл со 1-0 го елиминираше шампионот Манчестер Сити, а Ипсвич направи прокласен пресврт. Губеше 0-2 од премиерлигашот Вулверхемптон уште во 15’ минута. Но до крајот израмнија и во финишот, во 88’ минута Џек Тејлор приреди експлозија со еврогол од 25 метри!

Им падна Спортинг Лисабон во Куп па се прерадуваа

Оливаиш е Мошкавиде е мало клупче од предградие на Лисабон. Нивното стадионче „Алфредо Маркес Аугусто“ собира 2.730 гледачи. На жребот за Куп на Португалија со нетрпение очекуваа да видат кој ќе им падне. Кога го извлекоа гигантот Спортинг, играчите не можеа да поверуваат.

Проектилот на Берарди со кој ја смрзна Меаца

Гризеа за него многу поголеми екипи, како Јувентус и Лацио, ама Доменико Берарди реши да му остане верен на Сасуоло веќе 11-та сезона. Синоќа го комплетираше пресвртот против Интер од 1:0 на 1:2 и му го нанесе првиот пораз сезонава. Какво голчиште е ова? Ко Килијан Мбапе да го гледаме.

Како ли успеа да го промаши ова Де Кетеларе?

22 годишниот Белгиец кој не се снајде во Милан и на 40 средби не успеа да постигне ниту еден гол, бележи добар старт на позајмица во Аталанта, а веќе запиша и 2 гола. Синоќа против Верона се посрамоти, па среќа што победија 0:1.

Им ја прибра топката царот, готово

Не само што ја прибра, туку и знае да ја води и во сеф ја чува како Иниеста. Коментаторот дополнително и даде шмек на акцијата, а инаку целата забава се случува во Мексико.

Ѓоковиќ и за голф го бивало

Во пресрет на големиот Рајдер Куп на кој играат најдобрите голфери од САД и Европа, група ѕвезди од другите спортови се пробаа на теренот. Андреј Шевченко, Герет Бејл (инаку врвен голфер), Карлос Саинз, Новак Ѓоковиќ и други демонстрираа дека добро го познаваат и овој спорт. Турнирот се игра од 27 септември до 1-ви октомври во клубот „Марко Симоне“ близу Рим.

Махериште на колото за 2,1 милион денари

28 фикса фатил кумановецот. Дваесет и осум и со 50че им земал 34.000 евра.

Осимен игнорирал и некои од соиграчите

Од прекрасна шампионска идила и доминација на Наполи минатата сезона кога се освои долго сонуваното скудето, до мал раздор во екипата на почеток на сезонава. Од нејасни причини на еден официјален профил на социјалните мрежи беше поставено видео во кое се исмева најдобриот фудбалер на Наполи Виктор Осимен после што неговиот агент се закани со тужба до клубот.

Приказната за ФК Јени Маале, клубот кој 15 години продава висока мода

Фудбалска Македонија е феномен. Саглам трева не знаеме да засадиме и сочуваме, за пари во клубови молиме, лигата со години не ни е за гледање, ама ентузијазмот, љубовта и страста никој не може да ни ја одземе. Одиме со една прекрасна маалска битолска сторија.

Колку е убав реновираниот „Сантијаго Бернабеу“

На почетокот на септември Реал Мадрид објави промотивни кадри од грандиозната обнова на стадионот „Сантијаго Бернабеу“, светскиот храм на фудбалот.

Навивачите на Кадиз да дојдат и на Градски да го бодрат одговорниот за тревата што го немаме

Ова е она кога на гостинските навивачите ќе им речат да почекаат, тоест нема да им дозволат веднаш да го напуштат стадионот од безбедносни причини. Па им преостанува да си најдат забава.

Чави е тоа, како сака може да ја прими

Осум години поминаа откако си замина од Барселона како играч и кој не го фатил од помладите, пропуштил многу, премногу. Не за џабе го даваат и на репетиција од друг агол. Мозок беше со топка.

Пиротехничко шоу на навивачите на Австрија Салцбург

Мечот чекан цели 18 години се одигра синоќа. Австрија Салцбург чии навивачи и основачи тврдат се прави наследници на стариот клуб, очекувано загубија од многу посилниот учесник во Лига на шампиони Ред Бул Салцбург со 0-4 во Купот на Австрија.

Баерн треба да плати казна од 65.000 евра за фрлени тениски топчиња

Во првата рунда од германскиот Куп, Баерн Минхен лесно го совлада Прусен Минстер на гости со 0-4. Стрелци на головите беа Шупо-Мотинг, Лаимер, Кратциг и Матис Тел. Навивачите на Баварците протестирале против одлуката на Германската фудбалска федерација да го помести мечот од Купот за цел месец, односно решението Суперкупот да се игра на ден кога требало да се игра Куп.

Гаф број 2 на админот на Наполи

На типот што го води официјалниот Тик Ток профил на Наполи, очигледно му дише мозокот. Или па можеби Осимен ја онадил жена му, па сега му враќа. Или некој да не го хакнал профилот. Како и да е, сега го ремети фудбалерот дека не бил ни машко, ни женско, туку дека бил кокос. WTF??? Зошто некој би му го правел ова на својот најдобар играч? Титула им донесе и стана прв стрелец со 26 гола. 

Тер Штеген со два кикса ја упропасти Барселона

Каталонците во 7. коло од Ла Лига и гостуваа на Маројка со која на последните 14 средби, имаат 13 победи. Синоќа одиграа 2:2 поради две голмански грешки од кои едната поради безвезно додавање во празно.