Нов маестрален трипл-дабл на Никола Јокиќ

Лидерот на шампионот Денвер Нагетс беше неизвесен за дуелот со Кливленд Кавалирс но на крајот не само што се појави на паркетот туку и постигна нов неверојатен трипл-дабл учинок.

Денвер Нагетс убедливо со 130:101 го совлада Кливленд, а Никола Јокиќ за 35 минути имаше 26 поени (11/18 за два, 1/2 за три и 3/5 од слободни фрлања) со 18 скока и 16 асистенции.

Ова е 128-ми трипл-дабл во НБА кариерата за Србинот.

Јокиќ стана само првиот кошаркар во НБА после легендарниот Оскар Робертсон во 1965-та со ваков учинок во серија. Ова му е трет натпревар на кој постигнува повеќе од 25 поени со најмалку 15 поени и 15 асистенции.

Покрај Јокиќ сјајно издание имаа уште и Кентавијус Колдвел-Поуп со 22 поени (6/9 за три), Реџи Џексон со 19 понени (со 5/5 за три) и Мајкл Портер Џуниор со 19 поени (3/5 за три).

Кај Кливленд Еван Мобли уфрли 23 поени со четири скока а Џерет Ален 19 поени со четири скока. Денвер Нагетс на овој меч уфрли дури 21 тројка од 33 обиди во својата „Бол Арена“. Ова 52-ри триумф на Нагетс сезонава и веќе сигурно обезбедија пласман во доигрувањето.

Чудна изјава на Кукоч: „Јокиќ не е на нивото на Раѓа и Дивац“

 

1 април 2024 - 08:55