Трократниот НБА шампион со Чикаго Булс и трократниот европски првак со Југопластика во интервју за српски Спортски Журнал на прашањето дали Никола Јокиќ е најдобар од овие простори рекол:
„Можеби ќе биде, но сè уште не е. Јокиќ и покрај сите статистики не е на позиција на центар на нивото на Дивац и Раѓа. Дивац пред 30 години ја изненади Америка како ја води топката со својата висина, Раѓа со тоа како можеше да ја фати топката под кош и да стигне на друга страна да поентира.
Кој се сеќава на Сабонис, знае како и тој доминираше како центар. Штета што Алиховите тетиви толку го мачеа. Јокиќ многу напредуваше и може уште да ја унапреди играта“, рекол меѓу другото Кукоч кој ја разбрани јавноста.
Никола Јокиќ веќе успеа два пати да го освои признанието за најдобриот кошаркар на НБА лигата, а притоа е актуелен шампион и тоа како лидер на својот тим. Српскиот репрезентативец од ноќ во ноќ поставува нови рекорди, а за неговата величина зборуваат и најдобрите НБА кошаркари на денешницата.
Владе Дивац беше НБА легенда во своето време, учесник на големо НБА финале и Ол-Стар центар додека играше за Сакраменто Кингс, но никогаш не бил на нивото на кое е денес Јокиќ.
Дино Раѓа не остави голем белег во САД. Четири години играше за Бостон Селтикс од 1993-та до 1997-ма па се врати во Европа каде го носеше дресот на Панатинаикос, Задар, Олимпијакос.
Тони Кукоч не е прв од таа генерација кошаркари од екс-Ју кои не оддаваат признание дека Никола Јокиќ е најдобриот кошаркар на денешницата. Претходно такво спорно мислење имаше и Предраг Даниловиќ.
Кукоч за Јокиќ: Ниту е скокач, ниту брз, но со неговата интелигенција е две секунди пред сите