По голот за Македонија против Молдавија, Бојан Миовски се врати голгетерски и на клупски план и ја прекина низата од седум меча без гол во шкотскиот шампионат.
Македонскиот центарфор последен пат погоди против Глазгов Ренџерс на почетокот на февруари, а викендов стрелаше со Рос Каунти во важен меч во борбата за опстанок.
Миовски го отвори резултатот по само 5 минути игра, гостите израмнија во 26 минута, а мечот за конечни 2:1 го реши Џејми Мекгети во 79 минута.
Абердин има 33 бода, исто колку Монтервел и е на 9-та позиција со 5 повеќе од Сент Џонстон кој е 10-ти. Потоа следуваат Рос Канти со 27 и Ливингстон со 17 бода.
Во следното коло на 6 април, Абердин му гостува Ливингстон.
Инаку 24 годишниот Миовски ја игра сезоната на кариерата со фантастични 23 гола на сите натпреварувања.
Во неговата осма сезона откако игра на сениорско ниво, трет пат постигнува двонцифрен број на голови. Лани сезоната ја заврши со 18 гола, а претходно од МТК, Унгарија замина со 10 гола.
They all count 🤷#StandFree 🔴 pic.twitter.com/a7bIz4EX3Y
— Aberdeen FC (@AberdeenFC) March 30, 2024