Невен Спахија: „Не се сложувам со Кукоч, Јокиќ е апсолутно најдобар во НБА“

Шеесет и едно годишниот хрватски тренер Невен Спахија се приклучи на дискусијата по спорната изјава на најтрофејниот хрватски кошаркар Тони Кукоч кој во Белград изјави дека Никола Јокиќ не бил уште на нивото на Владе Дивац и Дино Раѓа.

Тони Кукоч во разни интервјуа за белградските медиуми меѓу другото го коментирал и Јокиќ. Пофалил некои негови карактеристики но и додал како Јокиќ не е најдобар играч во НБА од овие простори. Сомборецот два пати беше МВП на лигата, еднаш МВП на финалето, а како лидер му донесе шампионска титула на Денвер Нагетс. Деновиве го чека најверојатно и трета МВП награда за најдобар играч во НБА.

Никола досега во НБА кариерата има 128. трипл-дабл учиноци. Дино Раѓа беше епизоден кошаркар во Бостон Селтикс а Владе Дивац стигна единствено до едно конференциско полуфинале на НБА со Сакраменто Кингс.

„Спортот е интересен токму поради вакви нешта, зошто секој има свое мислење, а после од тоа излегуваат контроверзи после кои почнуваат бројни непримерени коментари. Тони Кукоч е еден од најдобрите европски кошаркари на сите времиња. Тоа е човек кој направи чуда во својата кариера и има право на свое мислење. Не сакам да го коментирам она што Тони го кажа, но можам да кажам свое мислење.

Никола Јокиќ е апсолутно најдобар центар кој од Европа дошол во НБА. Двократен МВП, МВП на финале, човек кој на свој грб му донесе на својот клуб шампионска титула во НБА, дечко чии бројки се абнормални“, вели хрватскиот тренер Невен Спахија кој во кариерата водеше бројни големи европски клубови како Макаби Тел Авив, Фенербахче, Валенсија, а работеше и во НБА како помошник тренер во Атланта Хокс и Мемфис Гризлис.

Никола Јокиќ е дечко кој кошарката секој ден ја чини сè подобра. Значи невиден квалитет! Не постои европски центар кој може и близу да пријде на она што е Јокиќ. Сосема поинаку мислам од Кукоч, но не ме лути неговото мислење. Ја видов таа изјава на американските сајтови“, вели Невен Спахија за хрватски „Индекс“.

НБА ЈА ПРИЗНА ГРЕШКАТА СО ЕВРОПА

Невен Спахија не се сложува ниту со констатацијата дека на Јокиќ и Лука Дончиќ им е полесно отколку што им било на Тони Кукоч или Дражен Петровиќ.

„Да не мешаме крушки и јаболки. Овде зборуваме за временска разлика од 30 години и повеќе. Нема потреба за тоа, денес е друго време. Мразот го прбоија играчи како Дражен, Тони, Дино и уште некои Европјани. Посебно со Дражен по доаѓањето во НБА се смени многу мислењето кон европските играчи.

Тогаш преовладуваше мислење дека европските играчи не можат да играат во НБА зошто не се доволно атлетски моќни. Ваквиот став ја чинеше НБА многу затоа што многу врвни играчи од Европа никогаш не дојдоа во Америка да покажат што можат. Беше тоа потполно погрешен и чуден став.

После тоа НБА почна поинаку да гледа на Европа, најмногу благодарение на Дон Нелсон и Бафорд кои сфатија дека во Европа се крие рудник на дијаманти. Денес гледаме дека биле во право. Имаше дури и фаза кога беа тотално дезориентирани и потпишуваа се од Европа само да не погрешат. Тоа беа такви времиња“, вели Спахија кој не се сложува со Кукоч дека Јокиќ не е најдобар играч во историјата на НБА од овие простори. 

Чудна изјава на Кукоч: „Јокиќ не е на нивото на Раѓа и Дивац“

 

2 април 2024 - 10:53