
Претходните серии без пораз на ПСВ Ајндховен во холандскиот фудбал биле по 35 натпревари по ред: во сезоните 1977/1978, 1985/1986 и 2000/2001.
Сега немале пораз од јануари 2023-та кога изгубиле од Емен 1-0.
ПСВ Ајндховен од тогаш до изминатава сабота забележал 36 победи со 7 нерешени. Имале гол разлика 125:30. Без пораз биле 1 година, 2 месеца и 6 дена. Цели 43 меча по ред.
Оваа серија ја почнал Руд ван Нистелрој кој беше тренер на „филипсовци“ минатата сезона. Под негово водство одиграле третина од натпреварите во оваа низа: 11 победи и четири нерешени.
Нистелрој не ја доработе минатата сезона и замина поради конфликт со управата на едно коло до крајот. Последното коло го одработел неговиот тренерот Фред Рутен кога на гости победиле 1:2 кај АЗ Алкмар со гол на Хави Симонс во 90+7’ минута.
Во летото 2023-та на клупата на ПСВ Ајндховен седна Петер Бош кој стана прв тренер во клупската историја со 20 победи на првите 22 меча.
Со Бош на клупата, ПСВ имаше серија од 17 победи по ред. Првпат одиграле нерешено со Утрехт 1:1. После тоа имале уште две нерешени на осум меча, но ги комепнзирале со убедливи победи од 5:1 и 7:1.
Сега во саботата изгубиле 3-1 од НЕК Најмеген иако доминирале во текот на целиот меч, имале 27 шута (противникот само 8) и 6 во рамки на гол (противникот 4). Посед на топка ПСВ имал 66% а НЕК 34%. Плус тоа најефикасниот шпиц во екипата Лук Де Јонг не реализирал пенал во 81’ минута.
ПСВ Е РЕЧИСИ ШАМПИОН
И покрај поразот минатото коло, ПСВ се уште е осамен на врвот со 7 бода предност во однос на Феенорд.
Во Купот на Холандија ПСВ испадна токму од Феенорд кога изгуби со 1:0 а во Лига на шампиони испадна од Борусија Дортмунд и ова им е само трет пораз во целата сезона.
Од почеток на годината ПСВ Ајндховен постигнал 30 гола а примил 11 на 15 меча.