Богдановиќ му се пушти на тренерот

Атланта Хокс славеше 113:101 против Чикаго Булс, а капитенот на српската репрезентација Богдан Богдановиќ кој инаку важи за смирен и не толку темпераментен кошаркар, во еден момент на тајм-аут избувнал и му се сипал на тренерот на екипата Квин Снајдер на кого му се внел во лице.

Богдановиќ постигнал 20 поени (6/7 од игра, 2/2 за три поени, 6/6 слободни фрлања) за 34 минути на паркетот со четири скока и шест асистенции.

Од нејасни причини се скарал со тренерот но набрзо ги смириле страстите.

„Се случува тоа секој час, или стално се расправаме што е нормално. Тоа значи дека на обајцата ни значи. Квин е мој човек, ме турка напред цела година. Имавме вакви мали судири, се случува“, признал Богдановиќ.

Тренерот на Атланта Хокс Квин Снајдер додал:

„Боги беше сјаен. Тој и јас одлично се разбираме. И повеќе од добро, одлично!“.

Атланта ја прослави 35-та победа во сезоната и сега е на 10. место на Истокот на само победа помалку од Чикаго Булс за местото кое води во таканаречениот плејин.

 

2 април 2024 - 08:52