Тонали се кладел на свој жолт картон во Њукасл

На 12-ти август минатата 2023-та година Њукасл ја отвори сезоната спектакуларно, со победа од 5-1 против Астон Вила. Навивачите на клубот од „Сент Џејмс Парк“ беа во екстаза. Им дојде од Милан најскапото засилување во историјата на клубот, Сандро Тонали (23) кој блесна со гол на дебито токму на овој меч.

Набрзо се испостави дека италијанскиот репрезентативец имал сериозен проблем со зависност од коцкање и дека се кладел на натпревари на кои и самиот играл во Милан.

Фудбалер платен околу 64 милиони евра од Њукасл со годишна плата од 6 милиони и 240.000 фунти!

Италијанските власти го суспендираа Тонали на 10 месеци, а тој продолжил со кладење и во Премиер лига. Тамошното судство и Фудбалска асоцијација (ФА) отворија нов случај па се испоставило дека Сандро се кладел и во Англија.

Постои сомнеж дека за мечот Њукасл - Астон Вила се кладел дека ќе добие жолт картон. И еве што направил пред да биде изваден од игра од тренерот Еди Хау: Задржувал време.

Додека Елиот Андерсон го чекал да излезе од игра, Тонали близу аут-линијата се правел наудрен и нешто загледувал позади. Главниот судија Енди Медли не го толерирал ова и му покажал жолт картон за задржување време.

3 април 2024 - 09:56