Гвардиола го брани Халанд од нападите на Рој Кин

Што би рекол Пеп право чудо е како поранешен играч може да лупне такво нешто (се уверивме и пред некој ден со Кукоч кој неумесно го спореди Јокиќ со Дино Раѓа). Да доаѓа тоа од некој самопрозван аналитичар па да не ти е криво, ама Рој Кин.

Кин како стручен коментатор во едно студио рекол дека „Ерлинг Халанд (23) е напаѓач за Лига 2 (трета англиска лига).

„Нивото на неговата генерална игра е очајно и не само денес. Неговата генерална игра за таков играч е толку бледа, мислам дека треба да го подобри тоа, тој е скоро како третолигашки играч“, рекол Рој Кин по ремито без голови меѓу Манчестер Сити и Арсенал.

Ерлинг Халанд лани имаше 52 гола и 9 асистенции на 54 натпревари во сите турнири, а сезонава има 29 гола и 6 асистенции во сите натпреварувања на 32 меча. Каде гледа Кин третолигашки играч е прашање?

Пеп Гвардиола денес му одговара на Кин:

„Не се согласувам со него. Апсолутно не се согласувам. Тоа е исто како да кажеме дека тој е тренер за втора-трета лига. Халанд е најдобар напаѓач на светот. И ни помогна да освоиме сè што освоивме лани (историска тројна круна), а причината зошто не создаваме многу шанси не лежи на Ерлинг. Изненаден сум што доаѓа од поранешни играчи. Сеќавањето им бледее брзо!“ 

 

3 април 2024 - 14:09