Баер Леверкузен сезонава е челичен и од натпревар во натпревар се надминува себе си.
Се пишуваше за нивната серија до 10, 20, 30 натпревари без пораз, а од викендов таа извонредно импресивна низа изнесува 39 средби и тоа на сите три фронта на кои се натпреваруваат.
Без разлика дали играат во Куп, првенство или Европа за овој тим секој натпревар трае преку 90 минути. Нив не ги краси само заедништво и тимски фудбал без ѕвезди, туку и огромна упорност и концентрација.
Еден од јунаците кој може да служи за пример дека не треба да се застане сè додека судијата не свирне крај е Патрик Шик.
Не е ова неговата најплодна сезона од четирите кои ги игра во Баер, но е премногу важна. Има само 5 гола во Бундеслигата и вкупно 11 на сите натпреварувања, а сезоната 2021/2022 беше фантастичен со 24 и тоа сите во првенство.
Но никој на крај нема да го споредува неговиот личен учинок откако ќе направи статистички преглед за месец март.
Чешкиот центарфор е како претплатен стрелец во судиските продолженија. Обрнете добро внимание во која минута ги дал неговите 5 последни гола. Само еден не е после 90-та минута.
- 90+2' за израмнување
- 90+3' за израмнување
- 90+7' за победа
- 53' за победа
- 90+1' за победа
Серија на погодоци со која не дозволи да заврши бајковитата победничка низа на Баер. Три од овие голови се во осминафинале од ЛЕ, а два во Бундес.
𝗙𝘂𝗹𝗹 𝗧𝗶𝗺𝗲 ⏸️
— Bayer 04 Leverkusen (@bayer04_en) March 30, 2024
WE NEVER STOP. 😮💨⚫️🔴
90+6' | 2-1 | #B04TSG #Bayer04 pic.twitter.com/5T3LsuQeUo
До крајот на сезоната во Бундеслигата преостануваат уште 7 кола. Ако Баерн Минхен ги добие следните три меча, а Баер победи против Унион Берлин на гости и дома со Вердер, тоа значи дека на 21 април со 3 бода во Дортмунд и официјално е првак на Германија.