Каква голчина падна во Норвешка

Во 1. коло од новата сезона во норвешката фудбалска лига Елитесериен, трофејниот Розенборг отвори со триумф од 2-0 над Сандерфјорд. Првиот гол на мечот беше дело на шпицот на домаќините, деветката Уле Сетер кој ја звизна од преку 25 метри во агол.

Единствено нè чуди катастрофалната состојба на теренот на стадионот на Розенборг „Леркендал“ затоа што фудбалскиот систем во оваа скандинавска земја отсекогаш важел за мошне уреден. 

2 април 2024 - 14:14