Offside

На 66 годишна возраст почина легендарниот фудбалер на Милан и репрезентацијата на Италија, вечниот број 6, Франко Барези.

Како Арда Ѓулер ги стиши австриските навивачи

Голема битка се водеше меѓу Турција и Австрија во 1/8 финалето на Еуро2024. И турските и австриските навивачи беа толку внесени во мечот што во налет фрлаа секакви предмети по теренот. И едните и другите. При еден корнер од кој Турција поведе, Арда Ѓулер бил гаѓан од австриска страна со сè што ќе им се најде. На крај им одговори со стил.

Тејлор Фриц мајсторе од кај го извади ударов?

Американецот Тејлор Фриц како 13-ти на АТП целосно ја оправда фаворитската улога против Кристофер О'Конел во првото коло од Вимблдон и го збриша со 3:0. Погледне го што стигна и каков поен освои. Маестрално.

Соиграч на Столе со песна ја водеше големата толпа во Тбилиси

Грузија е најубавата фудбалска приказна на ова Европско првенство, бидејќи како најслабо рангирана селекција и како дебитант, успеа да победи една Португалија и да се пласира во осминафинале. Сцените од Тбилиси се велелепни, а огромниот пречек за борбените фудбалери целосно заслужен. Голманот на Валенсија, Мамардашвили беше во елемент.

И Мајк Тајсон навива за Турците

Бизнисменот Вахап Огуз Арслан кој е близок пријател со Тајсон изјавил дека долго работи на разни проекти со легендарниот боксер. Воодушевени од играта на турската фудбалска репрезентација, решиле да ги изненадат фудбалерите со потпишана боксерска ракавица. Специјално од Тајсон како поддршка за понатамошните борби на Еуро2024. За возврат му пратиле дрес потпишан од сите репрезентативци.

10 години од незаборавното ремек дело на Давид Луиз

Јаки времеплови и јубилеи вади месец јули. На денешен ден на СП 2014 домаќинот Бразил славеше над Колумбија во четвртфинале со два гола на двајца дефанзивци, Тиаго Силва и Давид Луиз. Некои слободни удари едноставно не се исти како сите други. Давид изгледа има вечерано со Жунињо.

Најлудата одбрана на Европското со разни коментатори

Турскиот коментатор од државната телевизија ТРТ падна во транс, а шокирани од одбраната на турскиот голман Ѓунок Мерт во последните секунди од мечот со Турција беа и други светски коментатори.

Добри поенти за (не)успесите на Пикси

Дарјан Недељковиќ од Моцарт спорт со едноминутно хируршки прецизно излагање.

Турски машиновозач на денот

Турците се познати како нација која френетично следи фудбал, а можете да замислите како е кога ја пратат репрезентацијата на големи натпреварувања. Така и со еден машиновозач кој го сопрел својот воз за момент, за да ги поздрави присутните кои славеле победа во 1/8 финале против Австрија (2-1).

Вимблдон веќе го има најјакиот поен на турнирот

Што се вели уште не почнат, најелитниот тениски турнир во светот веќе ни го носи поенот на турнирот и дефинитивно еден од најатрактивните во историјата на Вимблдон. Празникот во должина од 40 секунди ни го носи Лојд Харис од Јужна Африка, 91-ви на АТП. Ни доаѓа и ние во канцеларија да му станеме.

Фудбалска страст во Мароко препознаена во Германија

Некоја вест и од клупски фудбал, ретко видена. Но Германци се тоа. Прашајте ги Комити за навивачите на Шалке.

Статус на денот кој кратко и јасно го опишува Европското

Швајцарија до 92-ра имаше победа над Германија, а во осминафинале ја елиминираше Италија. Англија ја победи тенко Србија и се спаси во 95-та минута со Словачка. Франција е четвртфиналист со два автогола и пенал. Белгија загуби од Словачка и е веќе елиминирана, Грузија ја победи Португалија, која пак се извади со Словенија на пенали. Хрватска не победи никого, а во топ 8 се наоѓа Турција. Доволно е? Поранешниот македонски репрезентативец, Панче Ќумбев без филозофирање и со една реченица ги констатираше фактите на ЕП 2024.

Мертезакер со збор-два за шпанската игра

Шпанија е светска спортска империја. Нема спорт во кој не се при врвот. Така е и на актуелното Еуро2024 каде „црвената фурија“ покажа најмногу од сите. Играат неверојатно убав фудбал и се одвојуваат од сите други со својот стил. Некогашниот стопер на германската репрезентација и Арсенал, Пер Мертезакер во кратки црти ги опишува.

Австриските навивачи и рандом бабата

Симпатични сцени од Лајпциг забележани пред мечот меѓу Австрија и Турција. Австријците здогледуваат баба на балкон, ѝ мавтаат и сите во хор и скандираат да возврати на поздравот. Мисијата е успешна, забавата спонтана.

Големо турско славје во Скопје, цели улици блокирале

Победата на Турција против Австрија во осминафинале на големо се славеше во Турција, се разбира во Германија, но и во Македонија. Под стоковна куќа Мост не можело да се помине со кола.

Што означува гестот што го направи турскиот јунак Мерих Демирал?

Некогашниот стопер на Сасуоло, Јувентус и Аталанта, Мерих Демирал со два прекрасни гола со глава после корнери беше најзаслужен што Турција ја совлада Австрија 2-1 во 1/8 финале и се пласираше во 1/4 финале каде ја чека Холандија.

Нема поминување со коли, Турците слават четвртфинале

Не е секој ден Велигден селекција како Турција да се најде во топ 8 во Европа. Четвртфинале не видоа селекции како Италија и Хрватска. Плус знаејќи ја нивната страст за фудбал, сцениве се најнормални за досегашниот успех во Германија. Второто видео е од Келн.

Зарем ова е нормално после тазе оперирано колено?

Со триумф против Вит Коприва од 3:0, Новак Ѓоковиќ го стартуваше походот кон осмата титула на Вимблдон. Изјави дека е задоволен како играл и се движел. Како нема да биде задоволен. Гледајте го како клиза.

Овие се редари или дивјаци?

Не знаеме што правел навивачов за време на мечот меѓу Португалија и Словенија, само знаеме дека не курчи силеџиство, особено вакво кога пет души млатат еден. Што им е работа на овие, да исфрлат некој од стадион ако прави бељи или да се испразнат врз него?

Кога ќе речат треба да работи со психолог

Рускиот тенисер Андреј Рубљов попи шамар со 3:1 уште во првото коло на Вимблдон од дебитантот на турнирот Франсиско Комесана. Да видиме како го прими поразот.

Херојската интервенција на Гунок во 95-та минута со турски коментатор

Дефинитивно помалите репрезентации на ова ЕП одиграа поинтересен фудбал со поголема жар и борбеност. Денеска репрезентациите беа многу поконкретни во напад за разлика од некои манекени. Холандија имаше 24 удари кон гол, а на вториот дуел Австрија 21. Но победи Турција со двата гола на дефанзивецот Демирал и одличниот Мерт Гунок кој ја направија една од најјаките одбрани на турнирот и ја спаси звојата земја од продолженија.

Помали фудбалски земји поголема драма, Турција е четвртфиналист, ќе се соочи со Холандија

Момците на Винченцо Монтела ја израдуваа фанатичната фудбалска јавност во Турција и го обезбедија третото четвртфинале во историјата на ЕП. Демирал како стопер ја реши Австрија со два комада од кои првиот во 58-ма секунда. Ќе имаат силен противник, а тоа е Холандија која на моќен начин со 3:0 ја збриша Романија.

Море Французите се добри на ова ЕП, претходното само со еден автогол го истуркале

Финалистот на двата последни Мундијали од кои едниот и го освои е непрепознатлив на Европското во Германија. Недопадливи, неатрактивни и посебно неефикасни и тоа со Мбапе, Гризман, Турам, Жиру, Дембеле.