Кутињо играше за великани како Интер, Ливерпул, Барселона и Баерн Минхен или во превод за гиганти во најсилните 4 лиги во Европа, а од летово е член на Васко де Гама каде и ја почна кариерата.
Не ги фати славните мигови во Ливерпул со Клоп и после шест сезони во 2017-та си замина без трофеј, но затоа со Барса освои четири во четири сезони. Два пати Ла Лига и по еднаш Куп и Супер Куп на Шпанија.
Потпиша за 105 милиони евра, како еден од најскапите трансфери во историјата. 24 милиони луѓе го следат на Инстаграм.
Единствената сезона на Алијанц арена, 2019/2020 му беше полн погодок, бидејќи моќниот Баерн токму тогаш ја освои тројната круна.
Има и Супер Куп на Италија со Интер во 2010, како и Копа Америка со Бразил 2019. Беше дел и од Мундиналот 2018.
Бројките на 32 годишниот Кутињо се 523 настапи и 121 гол за клуб и 68 настапи и 21 гол за репрезентација.
Стана препознатлив по голчиштата со удари надвор од шеснаесетник, со неодбранливо и силно ефе. Да се потсетиме.
А баш сабајлево го зборевме.