Подалеку, на друг крај од светот, во Перу, Алијанца Лима славела 0-3 синоќа против Бојс. Еден од головите во 55’ минута го дал Паоло Гереро, легенда на јужно-американскиот фудбал кој има 40 години.
Тој на 22 заминал од Алијанца во Баерн Минхен и никогаш претходно не дебитирал за саканиот клуб. Сега и дебитирал и дал гол, после речиси 18 години подоцна.
А јунак на викендот меѓу ветераните е и 35-годишниот Енди Керол кој веќе извесно време е во францускиот фудбал. Сега на 18-ти септември потпишал со четвртолигашот Бордо кој од административни причини беше исфрлен во четврта лига. На 21 септември Ендри Керол постигнал 2 гола на својот прв натпревар и му спасил бод на Бордо.