Фотографијата на која налетавме е уникатна. До самото игралиште во Сент Паули кое е предградие во Хамбург, се наоѓа висок објект кој повеќе личи на замок отколку на бункер.
Глетка која не може да се избегне. Се работи за поранешен противвоздушен бункер од Втората светска војна.
Денес ова место се користи како ноќен клуб со свирки, а има и канцелариски простории за уметници и музичари. Употребата на бункерот продолжила да расте, па дури и хотел.
Руф топ
Во јуни годинава, покривот на бункерот бил отворен за јавноста и сега на тој огромен простор има петкатен хотелски комплекс со ресторан, спортска и концертна сала и простории за изложба.
Врвот на хотелот може да се пофали со бујно зеленило и со поглед низ целиот град и пристаништето.
Освен зелени површини за посетителите и жителите, зелениот покрив служи и за ладење за време на високите температури во урбаната област Сент Паули и обезбедуваат засолниште за птиците и инсектите.
Историја за бункерите во Хамбург
Како одговор на воздушните напади во Берлин од страна на сојузничките сили во 1940 година, нацистичкиот режим издал итен декрет за изградба на засолништа од воздушни напади во градовите низ Третиот Рајх.
Хамбург, централна локација за U-Boot (подморница) и нафтената индустрија, се сметал за очигледна цел. На крајот на Втората светска војна, Хамбург броел рекордни 1.051 бункер, повеќе од кој било друг германски град. Денеска се останати околу 650 бункери. Повеќето се подискретни и се наоѓаат под земја или скриени зад станбени згради.
Бункерот Сент Паули за време на Втората светска војна
Бункерот на Фелдштрасе, првично наречен Флактурм IV е еден од најголемите изградени некогаш. Во 1942 година, на 1.000 работници им бело наредено да ја изградат структурата, која е со димензии 75 на 75 метри во ширина и 35 метри во висина, со ѕидови дебели 3,5 метри.
Бил дизајниран да прими 18.000 луѓе со посебен, екстра широк влез за жени со колички и деца. За време на воздушните напади во Хамбург во летото 1943 година, 25.000 луѓе побарале засолниште во бункерот и биле добро заштитени со неговите дебели ѕидови, дури и кога биле директна цел.
Прво ТВ емитување
По војната, плановите за уривање на бункерот биле отфрлени. Дури и ако е успешна, потребната количина на експлозив веројатно би ги уништила околните станбени области заедно со бункерот. Оттогаш, структурата се користи за различни цели. Во 1950 година, јавниот радиодифузен сервис NWDR од бункерот го вршел првиот пренос во Германија.
Ноќен клуб
Неговите непробојни ѕидови го прават бункерот совршена локација за настани кои се малку погласни. Ноќниот клуб на последниот кат е популарна дестинација за љубителите на жива и електронска музика, како и џез и експериментална музика додека приземјето е дом на голема сала за качување за болдеринг. Простории има и за престижно музичко училиште за поп музика, како и за неколку уметници, актери и музичари.
Петкатната градба во областа Сент Паули во Хамбург, како еден од најголемите бункери во светот, со мрачна историја за време на нацистичкиот режим, по петгодишно реновирање од 100 милиони долари, сега е е покриен со зеленило и има хотел со 134 спални соби, концертна сала со 2.000 седишта и заедничка градина.