Кој ќе го замени голманот Тер Штеген во Барселона?

Ужасната повреда на едниот од најдобрите европски голмани Германецот Марк-Андре тер Штеген ја примора Барселона среде сезона да бара чаре со нов голман. Тер Штеген ќе отсуствува најмалку до крајот од сезоната.

БАРСЕЛОНА ВО 2020-ТА ДОБИ ДОЗВОЛА ДА ГО ЗЕМЕ БРАЈТВАЈТ НАДВОР ОД ПРЕОДЕН РОК

Во моментов на многумина навивачи на Барселона најмногу им се допаѓа голманот Алваро Ваљес од Лас Палмас кој минатата сезона беше еден од најдобрите голмани во Ла Лига. Тој планирал летово да замине и се расправал со управата од која барал зголемување на платата.

Летово не се договорил со Бетис, Олимпик Марсеј и Виљареал а Лас Палмас го потпишал Јаспер Силесен. Поради конфликтот со управата, на Ваљес не му е дозволено ниту да биде на клупа за резерви ниту да тренира со екипата и тој не бранел уште од мај.

Ла Лига забранува потпис на играч вон трансфер преодниот рок. Претходно лигата дозволуваше и прогледуваше низ прсти на некои клубови дури и по затворање на трансфер преодниот рок ако имаат тешко повреден играч на пет или повеќе месеци.

Сега не е така. Последен таков случај со Барселона беше трансферот на Мартин Брејтвајт од 2020-та кога на Барса и беше допуштено да го доведе шпицот на Леганес поради сериозна повреда на Осман Дембеле кој отсуствуваше пола година.

Леганес тогаш не доби дозвола да најде замена за Данецот, па се бунеа дури до ФИФА каде добија зелено светло и Светската фудбалска унија застана на нивна страна. Но Леганес во меѓувреме побарал да се забрани ова правило вон трансфер преодниот рок дури и во случај на посериозни повреди. Ла Лига послушала а тогашниот претседател на Барсеона Жозеп Бартомеу дури и признал дека до таа мера му наштетиле и индиректно влијаеле тогаш на Леганес што оваа екипа испаднала од Ла Лига на крајот.

КОИ ГОЛМАНИ СЕ СЛОБОДНИ?

Барселона секако има право според сите правилници да донесе слободен агент, односно голман кој не е под договор со ниту еден друг тим.

А има варијанти не е дека нема:

- Кејлор Навас, 37-годишниот поранешен голман на ПСЖ и Реал Мадрид сега е без клуб и планира наскоро да се пензионира. Но понуда од Барса би можела да го разубеди.

- Жорди Масип, 35-годишен голман чиј договор со Ваљадолид истекол изминатово лето. Тој беше резервен голман во Барса од 2014-та до 2017-та.

- Едгар Бадија, 32-годишен голман кој бранеше а Елче и кој еднаш го смени својот дрес со Меси. Неодамна го раскинал договорот со Елче и сега е слободен.

- Иржи Павленка, 32-годишен голман кој порано беше член на Вердер и репрезентацијата на Чешка. Не се договорил со клуб од Саудиска Арабија и сега е слободен.

- Лорис Кариус, 31 година. Два меча за 2 години за Њукасл. Слободен голман е долго време и прашање е дали ќе се одлучат за него.

- Томаш Вацлик, 35-годишен чешки голман кој скоро бранеше за Севиља.

Тука се уште и: Етрит Бериша (35 години), Томаш Кубек (35), Александар Летеље (33), Костас Лампру (32). Барселона најверојатно е спремна дури и да го врати поранешниот голман Клаудио Браво кој пред месец дена ја заврши кариерата но изјавил: „Ако мојата Барса ми заѕвони, веднаш сум спремен“.

А ШТО ЌЕ БИДЕ СО РЕГИСТРАЦИЈА? ЌЕ СМЕАТ ЛИ ДА РЕГИСТРИРААТ?

Да, ќе смеат. Тер Штеген доживеал повреда која ќе го оддалечи од терените повеќе од четири месеци, а Ла Лига според правилникот дозволува да се регистрира кој било друг голман кој ќе биде на 80% од платата на германскиот голман. И не само до јануари туку до крајот на сезонава.

Но има друг проблем: новиот голман нема да може да брани во Лига на шампиони каде веќе одамна се регистрирани играчите и списокот е пратен и потврден во УЕФА. Ќе може да се регистрира нов играч дури ако Барса влезе во нокаут фазата. Тоа значи дека седум преостанати меча од групна фаза во Лига на шампиони сигурно ќе бранат или првата резерва Ињаки Пења или младиот Андер Астралага.

Ињаки Пења не е лошо решение. Тој минатата сезона бранеше на 17 меча и прими 32 гола но по добар период имаше пад на форма какои целиот тим па на негова вина одат неколку примени гола во поразот 2:4 од Жирона и 3.5 од Виљареал како и испаѓања од Купот и Суперкупот на Шпанија.

Ињаки Пења знае да згреши при истрчување и не е идеален при дуелите еден-на-еден.

20-годишниот Андер Астралага е висок 1.90 и тоа му е голема предност. Тој во моментов брани за Барса Атлетик, филијалата на Барселона. Ханси Флик летово му дал шанса на подготовките и Андер бранел одлично: фатил два пенали во пенал серијата со Манчестер Сити.

Но изгледа дека Ињаки Пења е фаворит бр.1 за местото меѓу стативите.

ВО БАРСА ИМА ЕПИДЕМИЈА

Во моментов од составот на Ханси Флик поради повреди отсуствуваат:

- Френки де Јонг (не игра повеќе од 4 месеци поради повреда и нема да се врати во следните две-три недели)

- Гави (пред година дена скина лигаменти и менискус. Пропушти цела година и ќе се врати најверојатно во октомври)

- Роналд Араухо (повреда која ќе го држи вон строј дури до декември)

- Андреас Кристенсен (повреда и отсуство од 4 месеци)

- Марк Бернал (сезонава веќе не заигра и ќе паузира подолго)

- Дани Олмо (месец дена ќе биде надвор од терените)

- Фермин Лопез (повреда поради која го чека пауза од 2-3 недели)

- Марк-Андре тер Штеген (повреда на коленото и завршена сезона).

24 септември 2024 - 10:16