Offside

Кога се зборува за тројна круна во Интер која Италијанците ја викаат „триплета“, се мисли на онаа на Мурињо, прва во историјата на клубот. Но, оваа со Киву е поинаква.

Најлудата зафрканција за јакната на Арсен Венгер

Нема навивач на Арсенал и гледач на Премиер лигата кој не ја видел долгата јакна на Арсен Венгер, која му стана моден белег. Имало 300 заебанции на таа тема, ама ова е врвот. Долгата јакна бара и подолго скролање кое ќе ви се исплати кога ќе го пуштите клипот.

Навредлива парола на Гробари за Кукоч и Раѓа

Двете хрватски кошаркарски легенди и симболи на едно носталгично време, пред две недели беа гости на Партизан на мечот против Олимпијакос. Нивното присуство на Штарк арената беше поздравено со аплаузи. Овој пат навивачите беа поделени. Едни ги вреѓаа Кукоч и Раѓа, а другите му се сипаа на Вучиќ.

Аргентина за Аргентина, ама и Бразил

Често доаѓаат спектакуларни навивачки изданија од Аргентина, а ниту Бразилците не заостануваат воопшто. Како на пример оние на славниот Гремио.

Европарламантарец во дрес на Торино го прозива Јуве

Претставникот на Република Ирска во Европскиот парламент, Мик Волас имаше интересно обраќање на една од последните седници. Волас дошол облечен во дрес на Торино и тоа во пресрет на големото градско дерби Торино - Јувентус во сабота. Му се обратил на председавачот кој е Италијанец и му рекол: „Со среќа Торино во сабота против Јуве. Јуве е срање, напред Торо“.

Ги видовте ли дресот на Меси што го носеше во мундијалското финале и Златната топка изложени во Скопје?

Наследството што легендата Паоло Роси му го остави на светот не е единственото нешто што може да се погледне овие денови кај нас. Привилегијата е многу поголема.

Кога ќе ти се падне да го вееш знамето на ЛШ на Бернабеу

Не знаеме како ги бираат овие ликови на кои задача им е да го довлечкаат знамето од ЛШ на центар, да го вејат за време на химната и потоа да го вратат на место, ама за некои тоа е доживување кое го документираат со видео материјал. Кој знае колку раскажувал по другари. Реал - Сити му се падна.

Да видиш Билбао како го прослави трофејот чекан 40 години

Во неверојатна драма Атлетик Билбао ја совлада Мајорка во финалето на шпанскиот Куп на кралот на пенали откако во регуларниот дел резултатот беше 1:1. Баскијците кренаа прв пехар после цели 40 години!

За кого Шекил би платил карта да го гледа во живо

Убав лаф муабет во еден подкаст. Шек прашува прво како е можно Бен Симонс да зема 40, 50, 80 милиони долари со едвај 55 одигран меча во сезоната и му препорачува да мачка некоја маст на грбот. А за другиот за кој сигурно би платил карта вели дека е потпретседателот на здружението на најдобри центри во историја.

Италија добива пет места во Лига на шампиони, се борат Англија и Германија

Со одлични резултати на италијанските клубови во Европа во последниве неколку сезони, Серија А заслужено е на прагот да добие сигурно уште едно, петто место директно во Лига на шампиони. За вакво нешто се борат Германците и Англичаните.

Анри во 1 минута ја објасни утката на Каталонците што ќе останат без Чави

Уште во втората сезона им донесе титула и тоа со целосно разнишан клуб и играчки и финансиски, со скандали, големи раководни промени и во една нова ера без Меси. Пушти во оган еден куп деца кои сериозно се наметнуваат како иднина на клубот, а со нив го доби ПСЖ на гости со 2:3 и направи исчекор за пласман полуфинале од ЛШ. Човекот кој речиси цел живот и го посвети на Барса, не заслужи таков притисок под кој работеше, туку договор на долги стази со одврзани раце. Тиери во кратки црни ги има поентите.

Нејмар на дружба со ќерка му, игра покер

Најблиското семејство на прославениот Бразилец се собрало да одбележи шест месеци од раѓањето на неговата ќерка. Едно видео покажува како тој и на семејни собири нема гајле да игра коцка.

И после Ендрик Палмеирас има ново дете

Во 2. коло од групната фаза во Копа Либертадорес, Палмеирас лесно го совлада уругвајски Ливерпул Монтевидео со 3-1. Стрелец на третиот гол во 66-та минута бил Естевао Вилијан кој го постигнал така својот прв гол во професионален фудбал на само 16 години, 11 месеци и 11 дена и тоа на деби во елитната Копа Либертадорес. За него веќе се интересирале ПСЖ и Челси.

Најдоминантната статистика на вечерта е дело на Баер Леверкузен

Ако некој клуб не остава без зборови сезонава, тоа е Баер Леверкузен. Фасцинантната низа без пораз од синоќа ја искачија на неверојатни 42 натпревари на сите три фронта на кои се во игра за трофеј. А сега внимавајте го овој статистички податок.

Аталанта го прекрши Ливерпул среде Енфилд и му нанесе прв пораз дома после 14 месеци

Последниот танц на Јирген Клоп како нвивачите на Ливерпул ја нарекоа оваа сезона, сега е под закана да биде неуспешен. Макар во Лига Европа каде Аталанта им одржа час по фудбал, ги згроми 0:3 и им го нанесе првиот пораз дома после повеќе од година дена.

На 0:3 Енфилд Роуд почна да се празни

Ете затоа не ги сакаме, а ниту ги разбираме оние веќе здодевни споредби на социјалните мрежи за тоа која лига е најдобра. Италијанско било тапа, Премиер лига била најјака, омилена теза на дежурните Фејсбук критичари. Ливерпул - Аталанта конечни 0:3, во првото четвртфинале од ЛЕ. Кој очекуваше?

Жиру бе што направи?

И покрај тоа што се клуб со далеку поголемо искуство на европска сцена, Милан слабо мина во првото четвртфинале од ЛЕ против Рома. Го загуби дома со 0:1. На 3 минути до крајот на мечот, цел Сан Сиро ја виде оваа топка во гол, а потоа сите се држеа за глава.

Арапски навивач пуштен на најјако, од трибина со каиш удираше соиграч на Бензема

Нестварни сцени ни доаѓаат од Саудиска Арабија која после овој клип уште повеќе ќе си го засили угледот во светскиот фудбал. Дајте им го на нив следниот Мундијал, нека се вика World Cup 1850 година.

Мажи, само ако сте кажале не можам нешто

За време на натпреварот меѓу женските репрезентации на Република Ирска и Англија во рамки на квалификациите за Европско првенство 2025 во Даблин, левиот бек на Ирска Меган Кембел фрли аут колку што некои мажи не можат да дофрлат со нога од слободен удар.

Анри, Карагер, Шмајхел и Ричардс ја прогнозираат разврската во ЛШ

Заедно со водителката, ќе може да видите вкупно петмина прогнозери, почнувајќи од тоа кои ќе бидат полуфиналисти, па сè до шампионот на Вембли на 1 јуни. Шмајхел им пркоси на првите тројца, а Анри го скрати муабетот и веднаш го кажа името на новиот европски првак.

Евролига прашува: Кој прави најдобра атмосфера?

Во кошаркарска Евролига вечерва и утревечер се игра последното коло пред почетокот на разигрувањето. На социјалните мрежи администраторите од Евролига дадоа избор за гласање во која сала има најдобра атмосфера.

Незаборавната ноќ на Ѕвезда кога Панчев и Савичевиќ го срушија Баерн среде Минхен

Ах на какво видео налетавме, оди игнорирај го да те видам. Зборувано и повторувано е, ама старо, а младите мора да го знаат.

Мафијата, Палермо и Вест Хем

Во сезоната 2006/2007 во Куп на УЕФА се паднаа Палермо и Вест Хем. Тогаш за италијанскиот тим играа Корини, Ди Микеле, Брешано, Барѕаљи, Ѕакардо а за англискиот Тевез, Маскерано, Карлтон Кол, Кончески, Рој Керол, Ли Бојер. Првиот меч во Лондон Палермо го добива 0-1, а реваншот 3-0 и со вкупен резултат 4-0 оди понатаму. Но друг ни е муабетот.

Мика Ричардс го изненади Гвардиол со прашање на хрватски

Тиери Анри, Џејми Карагер и Мика Ричардс се задолжени за шоу во студиото на СиБиЕс пред и после секое коло од ЛШ. Го вклучија во живо Јошко Гвардиол по што на сцена стапи Ричардс. Додуше и Карагер на крај го повтори истиот збор на хрватски, ама изговорот му беше крш.

Алекс Дел Пјеро е толку голем што тренери прават селфи со него

Тренерот на Борусија Дортмунд Един Терзиќ по крајот од првиот меч од 1/4 финале на Лига на шампиони против Атлетико Мадрид (2:1) зборувал со легендарниот капитен на Јувентус Алесандро Дел Пјеро. По крајот на интервјуто се врати да му побара нешто.