Динамо Загреб декласиран и од Славен Белупо, супер гол на Несторовски

Бурата во Динамо Загреб не се стишува. По ремито со Ријека (1:1), поразот од Хајдук Сплит дома на „Максимир“ (0:1) и историскиот дебакл 9:2 од Баерн Минхен, „модрите“ претрпеа уште едно историско понижување. Изгубија 4-1 од Славен Белупо во домашното првенство што им е најтежок пораз во историјата од овој противник. Четвртиот гол за домаќините го постигна македонскиот центарфор Илија Несторовски кој даде супер погодок и потврди дека игра во голема форма.

За срамот на Динамо да биде уште поголем, Славен Белупо пред овој натпревар беше последен на табела со само 1 освоен бод на дури 6 меча.

Динамо Загреб експресно по дебаклот со Баерн Минхен го смени тренерот Сергеј Јакировиќ а клупата како в.д тренер, привремено седна Сандро Перковиќ кој исто се посрамоти уште на првиот меч.

Стефан Ристовски беше на клупа за резерви па влезе во игра во 46' минута на стартот на вториот дел. Аријан Адеми не беше ниту на клупата за резерви. 

Гостите од Загреб први повеле преку Бруно Петковиќ но потоа следувал бродолом.

 

 

22 септември 2024 - 08:09