Нено Димитријевиќ со маестрално деби за Милано

Најдобриот македонски кошаркар, Ненад Димитријевиќ одигра сјајно на своето деби за италијанскиот гигант Милано. Во полуфиналето на Суперкупот на Италија „манекените“ славеа 73-62.

Македонскиот репрезентативец започна во првата петорка што е добар знак пред почетокот на новата сезона во Евролигата која стартува за некој ден. Нено имаше 5/8 од игра за 2 поени и имаше 1/2 за два па со 14 постигнати поени за 24 минути беше најефикасен на мечот.

Одлична партија пружи и лидерот на екипата, Никола Миротиќ со 13 поени. Олимпија Милано во финале ќе игра против најголемиот ривал Виртус Болоња со 96-87 кој го совлада Наполи во второто полуфинале.

 

22 септември 2024 - 07:59