Во двомеч одигран пред 40 години Црвена звезда после голем и неверојатен пресврт успеала да слави 3:2 иако на полувреме губела 0:2. На реваншот во Португалија Бенфика победила 2:0 и се пласирала во осминафинале.
Натпреварот во Белград се играл на денешен ден пред точно 40 години. Исто како и вечерва на истото место, тогаш пред повеќе од 60.000 гледачи.
Бенфика прва повела по автоголот на Марко Елснер во 27’ минута, а со прекрасен еврогол од далечина Диамантино го довел португалскиот шампион до висока предност од 0:2.
Црвена звезда предводена од нововлезениот Рајко Јањанин кој го заменил Јанковиќ, во вториот дел направила чудесен пресврт. Фудбалерот од среден ред постигнал дури 3 гола, два од пенал за 21 минути (57-ма, 77-ма и 78-ма минута) и направил еуфорија на „Маракана“:
Натпреварот Црвена звезда - Бенфика од Лига на шампиони се игра вечерва од 18:45 часот.