Кога се зборува за тројна круна во Интер која Италијанците ја викаат „триплета“, се мисли на онаа на Мурињо, прва во историјата на клубот. Но, оваа со Киву е поинаква.
Во реваншот од четвртфинале на Купот на шампиони КОНАКАФ за Северна и Средна Америка, Монтереј го растури Интер Мајами со убедливи 3-1 и со вкупни 5-2 се пласираше во полуфинале. За тимот од Калифорнија играа и Меси и Алба и Бускетц и Луис Суарез а овој последниот за малку ќе го повредеше противничкиот играч Виктор Гузман.
Баталете вие Ол стар викенд. Цела сезона во НБА е веќе како Ол стар викенд. Брендон Милер сака да ви покаже нешто, 21 годишниот член на Шарлот кој беше избран лани како втор пик на драфтот. Страшен потег, еден од најјаките оваа сезона.
Стоперот на Рома, Џанлука Манчини ги разгневи навивачите на Лацио како никој друг. Им даде гол за триумф на „волчицата“ 1-0, се фаќаше за врат со противничките играчи а после мечот вееше знаме во боите на Лацио со исцртан глушец како навредлива алузија дека навивачите на Лацио се глувци.
Ерлинг Халанд и Килијан Мбапе потфрлија на првите четвртфинални дуели од ЛШ и не се запишаа на листата на стрелци, нешто што од нив секогаш се очекува. Норвежанецот не се виде.
Големиот Рони бил почесен гостин на мечот од 1/4 финале во Лига на шампиони меѓу ПСЖ и Барселона. А како и не би кога својот дар од Бога од Бразил во Европа прво го покажа во Париз. Во дресот на Парижаните на 77 меча постигна 25 гола со 17 асистенции а после во 2003-та замина во Барселона за трансфер вреден 32 милиони евра. Кај Каталонците одигра 207 средби, даде 94 гола и имаше 70 асистенции.
Луис Енрике заигра за Барса 96-та, а Чави 98-ма. Играа заедно 6 години, до 2004-та, а потоа во сезоната 2014/2015 Луис Енрике кој е 10 години постар, му беше тренер на Чави во истиот тим. Старо познанство е тоа.
Барселона извади фантастичен резултат на гостувањето против ПСЖ кој го доби со 2:3. Мбапе беше една од најслабите карики на терен, а Роналд Араухо дефинитивно една од најјаките. Погледнете го овој моќен старт.
Во Купот на Ирак, на дуелот Ал Нафт - Ербил, домашните воделе 1-0 до 85-та минута кога гостите даваат тотално луд гол со двојни ножички. Реализатор е Јасин Самија кој го израмнил резултатот на 1-1 а мечот на пенали на крај го добиле домаќините.
Само една ноќ откако лекција по кошарка држеше Лука Дончиќ, веднаш по него на ред дојде Никола Јокиќ. Речиси на секој натпревар стигнуваат по некое ново импресивно остварување.
На мечот меѓу Чикаго и Њу Орлеанс, двајца играчи на Булси се погрижија да ја видиме комедијата број 1 оваа сезона во НБА. Тројца тргнаа на контра. Топката ја има Тори Крег, а тој зад него талентот е Андре Драмонд.
И втората четвртфинална ноќ од ЛШ задоволува. Паднаа 8 гола, два помалку од вчера. ПСЖ беше кус за еден гол за да се повтори сценариото од Бернабеу. 0:1, па 2:1 и на крај конечни 2:3 за Барселона. Маестрална асистенција на Педри, мајсторски гол на Рафиња, кој инаку беше двоен стрелец на дербито кое го реши Кристенсен. Атлетико со 2:1 ќе патува во Дортмунд.
Претседателот на Кошаркарската федерација на Македонија е за сега првиот Македонец кој заиграл во НБА лигата. Го носеше дресот на Атланта Хокс две сезони (2013-2015), а синоќа им беше во посета. Го следеше мечот Атланта - Мајами, а даде и интервју на кое водителот го испофали како еден од играчите кои ќе останат доживотен бренд на Атланта.
На 7 кола до крајот на сезоната во Серија А, разликата од 14 бода пред градскиот ривал е недостижна. Интер со Симоне Инѕаги игра фантастично. Има 82 бода, само еден пораз и одличен скор од 75 дадени и 15 примени гола на 31 меч. Титулата број 20 наскоро само ќе ја официјализираат.
Го оперираше коленото и паузираше 29 натпревари, но тоа не значи дека заборавил да игра кошарка. Зборуваме за МВП-то од регуларниот дел на минатата сезона кој со 37 поени, 11 скока и 8 асистенции и донесе победа на Филаделфија на дуелот со Детроит. Погледнете го каков кош успеа да извади. Ги збуни сите.
Еурофарм загуби на гостувањето против Вардар со 24:20, но имаат +2 во однос на ривалот, како и подобар меѓусебен скор, што значи ако не кикснат до крајот на сезоната, ќе ја одбранат титулата. Чкембари ги пречекаа и порачаа дека и оваа година ќе бидат шампиони.
На три меча до крајот на регуларниот дел од сезоната, Далас Маверикс го обезбеди пласманот во плејофот. Поинаку и не се очекуваше со ваков Лука Дончиќ.
Реал и Сити режираа величествена фудбалска претстава со 6 гола, пресврти и атрактивни погодоци за најавни шпици. На другиот меч меѓу Арсенал и Баерн (2:2), на големо се дебатира за судењето. И двете екипи се убедени дека се украдени со по еден чист пенал.
Покрај тоа што го заврши мечот како прв стрелец со 6 гола, исто колку што даде Нејц Цехте од Еурофарм, Косуке Јасухира се истакна и со две феноменални асистенции кои се издвоија на мечот и тоа и двете до Милан Лазаревски. Инаку Вардарци го добија дербито против битолчани со 24:20 и математички останаа во игра за титулата.
„Пеп Гвардиола не го гледа голманот како голман, туку како 11-ти играч на теренот. Навистина уживам во тоа“, ќе каже Мануел Ноер, најнепредвидливиот голман со топка, кој ужива да игра со нејзе. Погледнете го ова додавање од почна акцијата кога Баерн го сврте мечот на 1:2.
Еден од најдобрите играчи во среден ред побара дрес од еден од најдобрите играчи во среден ред. Кевин тежи 20 трофеи од кои 15 со Сити, Лука има 30 од кои 24 со Реал. Шест години е помал и многу добро свесен за тоа од каква играчина бара дрес.
Првите натпревари од четвртфиналето на Лига на шампиони донесоа неверојатни моменти. Во Мадрид на „Сантијаго Бернабеу“ Реал и Манчестер Сити ремизираа 3:3 во меч во кој не се знаеше кој од кој е поубав гол. Во Лондон Арсенал и Баерн Минхен одиграа 2:2 а гол на „топџиите“ повторно им даде Хари Кејн кој беше исвиркан во северен Лондон зашто беше капитен на Тотенхем.
По големиот успех во Рим, Милано, Фиренца, Торино, Тренто, Римини, Болоња, Белград, Венеција, Цирих и Тирана, изложбата со наслов „Паоло Роси - златното момче и легендите на фудбалот“, пристигна и кај нас. Да одите.