На Селтик Парк ежење со химната на Лига на шампиони
Селтик со 5-1 го растури Слован Братислава во 1. коло од новата сезона во Лига на шампиони. Пред мечот навивачите на шкотскиот тим со громогласна бука ја испратија химната на ЛШ, а гостинскиот фудбалер кој некогаш играше за Вардар, Тигран Барсегјан уживаше во моментот со соиграчите кои првпат настапуваат во Лига на шампиони.