Енди Менган кој е помошен тренер на третолигашот Стокпорт, на препорака на Давиде Анчелоти (се запознале, здружиле и се зближиле на семинар на УЕФА за тренери), добил богата понуда од Карло и од Реал Мадрид да се приклучи на стручниот штаб и да работи стриктно со центарфорите во екипата.
Сè било договорено, потпишано. Англичанецот дури и нашол школо за децата во Шпанија, почнал активно и забрзано да учи шпански јазик.
Сè било спремно но на крајот се испоставило дека шпанските власти не му одобриле работна виза поради тоа што Велика Британија веќе неколку години не е дел од Европската Унија и на Британците им е се потешко да работат лагодно по Стариот континент само поради тие работни дозволи. Поточно, Менган требал да чека најмалку 9 месеци колку што трае целиот процес за одобрување работна виза.
Манган претходно работел како помошен тренер на Џои Бартон во Флитвуд и Бристол Роверс.
Поради иста причина Џуд Белингем, лидерот на Реал Мадрид и најдобар играч на овој тим минатата сезона, при потпис со „кралскиот клуб“ морал да побара и ирско државјанство кое му следува од еден од родителите, за да не се води како играч (работник) надвор од ЕУ во Шпанија.