Ѓоковиќ и Димитров правеле шоу во ноќен клуб во Софија

Новак Ѓоковиќ и неговиот добар другар Григор Димитров одиграа супер ревијален дуел во Софија. Бугарскиот тенисер победи, а крајната цел беше промоција на фондацијата на Димитров. После спектаклот, двајцата продолжиле во ноќен клуб во Софија каде Ѓоковиќ покажал раскошен талент за пеење, а специјален гостин била пејачката Камелија која го отпеала хитот Луда по тебе.

Првиот следен турнир на Новак треба да му биде Шангај кој почнува на крајот од септември. Новак во Кина не бил уште од 2019-та, а потоа во октомври ќе игра на егзибициски натпревар. 

18 септември 2024 - 08:41