Македонските претставници вечерва во Лига на шампиони поминаа неславно. Стефан Ристовски одигра цел меч и беше еден од најслабите во тимот на Динамо Загреб кој прими 9 погодоци. Бекот доби и жолт картон.
Аријан Адеми влезе од клупата за резерви во 78' минута наместо Мартин Батурина.
Дебаклот на Динамо Загреб е воедно и најголем пораз на една екипа во историјата на Лига на шампиони.
До сега, по осум голови на еден натпревар во Лига на шампиони примија фудбалерите на Барселона кои Баерн Минхен ги прегази со 8:2 пред неколку сезони. Монако во сезоната 2003/2004 го доби Депортиво Ла Коруња 8:3, а Реал Мадрид го совлада Малме 8:0 во 2015-та година. Ливерпул со ист резултат го растури Бешикташ во 2007-ма.
Најефикасниот меч и рекорд го држат Борусија Дортмунд и Легија во 2016-та кога Германците победија 8:4.
Лига на шампиони, 1. коло резултати:
ЈУВЕНТУС - ПСВ АЈНДХОВЕН 3-1 (2-0)
(Јилдиз 21', Мекени 27', Нико Гонзалес 52' - Саибари 90+3')
ЈАНГ БОЈС - АСТОН ВИЛА 0-3 (0-2)
/Тилеманс 27', Рамзи 38', Онана 86'/
МИЛАН - ЛИВЕРПУЛ 1-3 (1-2)
/Пулишиќ 3' - Конате 23', Ван Дајк 41', Собошлаи 67'/
БАЕРН МИНХЕН - ДИНАМО ЗАГРЕБ 9-2 (3-0)
/Кејн 19' пен., 57', 73', 78', Гуереро 33', Олисе 38', 61', Сане 85', Горецка 90+2'/
РЕАЛ МАДРИД - ШТУТГАРТ 3-1 (0-0)
/Мбапе 46', Ридигер 83', Ендрик 90+5' - Дениз Ундав 68'/
СПОРТИНГ ЛИСАБОН - ЛИЛ 2-0 (1-0)
/Ѓокереш 38', Деваст 65'/