Не прекинува мајтапот на сметка на Динамо Загреб

Кутриот хрватски првак помина како бос по трња на „Алијанц Арена“ каде Баерн Минхен му спакува неверојатни 9 гола. Динамо Загреб до 50’ минута имаше активен резултат 3:2, создаде и неколку шанси и играше добро, а од тој момент следуваше стрмоглав пад па за половина час прими 6 гола. Навивачите и екипата сега се на удар на мајтапџии.

Некој на интернет го сменил логото на Динамо Загреб:

 

А се терала шега и со кореографијата на Бед Блу Бојс во Минхен кои пред мечот кренаа една шеталица со наслов: „Непосакуван гостин“:

Баерн му даде 9 на Динамо Загреб, Ливерпул рутински со Милан

18 септември 2024 - 08:51