Како се повреди Ноер во 4-та минута на екскурзија на сред терен

Мануел Ноер синоќа влезе на вечната Топ10 листа на голмани со најмногу настапи во Лига на шампиони. Забележа 141 натпревар во елитното друштво. На мечот со Динамо Загреб уште на сам почеток во 4-та минута излезе на сред терен како што само тој знае и се повреди при еден дуел. На полувреме го извадија од игра при резултат 3:0 а неговата замена Свен Улрих прими 2 гола за само 2 минути и резултатот беше 3:2.

Тренерот на Баерн Минхен Венсан Компани после мечот изјавил дека Нојер е добар, повредата не била воопшто сериозна и дека го извадиле од игра од претпазливост.

Баерн му даде 9 на Динамо Загреб, Ливерпул рутински со Милан

18 септември 2024 - 13:01