Во 2. коло од уругвајската Примера Дивизион, трофејниот Пењарол на гости со 1-2 го совладал Мирамар Мисионес. Во 71-ва минута од мечот при водство на Пењарол 1-2, гостинскиот голман Вашингтон Агуере (31) решил да ги позафркава домашните фудбалери и навивачи. Нормално, за малку ќе изедел ќотек поради тоа. Судијата по гужвата поделил три црвени картони: два за домашните фудбалери и еден за гостински.