Ти влегува Ламин Јамал во такси и што правиш?

Најдобриот фудбалер на Европското првенство кое го освои неговата Шпанија и ѕвезда на Барселона, младиот 17-годишен Ламин Јамал веќе стана светска сензација. Игра фудбал растура. Асистира и дава голови и најзаслужен е што навивачите на Барселона најдоа утеха после Меси.

Малиот уште не е полнолетен, не може да полага за возачка дозвола и се вози понекогаш со такси. Еден таксист го препознал и му побарал ако може да сними видео со него како праќа поздрав до неговите деца.

Еве како децата го примиле поздравот. Во шок:

Ламин Јамал досега сезонава има асистенција или гол на 8 од 9 одиграни натпревари од стартот: против Валенсија (асистенција), против Атлетик Билбао (гол), против Ваљадолид х2 асистенции), против Швајцарија (асистенција), против Жирона (х2 гола), против Монако (гол), против Виљареал (асистенција).

24 септември 2024 - 11:41