Offside

Ал Наср го совлада Ал Фаисали на гости со 1:3. Очите се вперени кон голот во 49-та минута со кој Роналдо стигна до 982. Но не според сите. Opta, Sofascore, Flashscore и FotMob го запишаа како автогол. Саудиската професионална лига пак му го препиша на Роналдо. На забавената снимка се гледа како топката прво ја удира Роналдо, па играчот од спротивниот тим со број 5, по што влегува во гол. Официјално, Роналдо е на 18 гола до јубилејната 1000-ка.

Капитенот на САД Пулишиќ го шири Трамп танцот

Во реваншот од четвртфинале на Конкакаф Лига на Нации, САД со 4-2 ја совлада Јамајка. Стрелец на првиот гол за домаќините беше фудбалерот на Милан Кристијан Пулишиќ кој го прослави со фамозниот Трамп танц кој го прошири по светот.

Време е за вечното дерби, Евролига со супер најава

Под наслов „Дербито што разделува и обединува град“ Евролига го најавува претстојното вечно белградско дерби Црвена звезда - Партизан закажано за четврток од 20.00 часот. Црвено-белите се домаќини и во далеку подобра форма го дочекуваат дербито. Црно-белите, пак, зад себе ќе имаат 1.000 грла во гротлото на белградска „Арена“.

Фото на денот

Нема да одиме со она легендарното од лево на десно клечат/стојат, туку ќе ги респектираме по години. Атанас Костовски, Златко Калински (омилениот), Југослав Костовски, Тони Стојановски, Дамјан Николовски (најмладиот). Не врши работа едно пиво за да ви раскажуваат анегдоти од стотиците и илјадници минути коментирање на разни спортски збиднувата, посебно па со двајцата пензионирани. Инаку за екипата да биде комплетна, фалат уште.

Дембеле зборува за документарци за диктатори, колегите му се смеат

Иако делува на лик кој слободното време го поминува во играње Плејстејшн, Осман Дембеле да ти бил опседнат со документарни филмови за диктатори. „Ми се допаѓа да гледам што правеле диктаторите: Мобуту, Германецот...Сталин, ми се допаѓаат тие документарци“, вели фудбалерот на ПСЖ. Чуамени и Кунде се кезат на муабетот.

Фудбалер на Тотенхем казнет 7 меча и 100.000 евра за шега на сметка на Кореецот Сон

За англискиот фудбал може да кажете дека е ваков или таков, некому да се допаѓа повеќе некому помалку, ама факт е дека најдобро организираната лига на свет е токму англиската Премиер лига. Кај нив ништо не се препушта на случајот, особено не невкусни зафрканции.

Милевски: Состојбата со теренот не е нормална

Македонската фудбалска репрезентација со години се бори против лошата трева на Градски. И таман кога помисливме дека е џам направена, пак не чини, а двојно повеќе пари се дадоа од онаа на Алијанц арена.

Ивандер Холифилд и Ленокс Луис пред мечот биле во соблекувалната на Тајсон

За помладите генерации, Холифилд и Луис беа најголемите ривали на Тајсон во времето кога имаше саглам бокс и тие двајца се дел од вкупно петмината кои успеале да го совладаат. Холифилд го победи во 1996-та, па следната година уште еднаш кога Тајсон беше дисквалификуван поради она славно гризење на увото. Луис пак го порази Тајсон во 2002-ра. И двајцата му дадоа поддршка пред борбата против 31 година помладиот Џејк Пол.

Фантастична одбрана на Мењан во 94-та минута вредна прво место за Франција

Италија - Франција синоќа заврши 1:3 во групата 2 од А дивизијата, а претходно и Франција - Италија заврши 1:3. Тоа значи дека ако Мојс Кин успееше да реализира во последните мигови од средбата, Италија ќе завршеше прва поради подобриот меѓусебен дуел.

Супер голот на Кристијано Роналдо против Полска

Во група 1 од А дивизија во Лига на Нации Португалија и Кристијано Роналдо играат совршено. Португалците во петокот ја размонтираа Полска со 5-1 иако до 59-та минута резултатот на семафорот беше 0-0. Кристијано Роналдо (39) даде два гола, еден во 72-ра од пенал и еден во 87-ма минута со ножички за конечни 5-1.

Безобразна футсал мајсторија

Се работи за шпанската футсал екипа Рибера Навара, ако ви значи нешто. Ниту тргнаа во акција, ниту топка нагазија. Луда работа.

Франција ја преслуша Италија, фантазија од гол на Лук Диње од слободен удар

Италија имаше супер шанса да заврши прва во групата 2 од А дивизија во Лига на нации но на крајот Франција во последното коло славеше 1-3 и излезе пред Италијанците на табелата. Двете репрезентации имаат ист број бодови, ист меѓусебен учинок (Италија исто славеше 1-3 на гости) но Французите имаат подобра гол разлика. Синоќа Адриен Рабио со два гола со глава и Лук Диње со прекрасен гол од слободен удар и две асистенции ги спуштија Итаијанците на второ место.

Роденденскиот маратон на Шурле

Светскиот првак Андре Шурле го откачи фудбалот на 29 години, ама не за да безделничари по јахти и да се пропие. Неговиот спортски живот е бетер откако е во пензија. За роденден на пример истрча 42 км. Позаслужена пица и торта на биоскоп.

Рој Кин откако зет му даде гол за Англија против Ирска

Република Ирска се држеше добро на „Вембли“ во Лига на Нации до 53' минута кога почна страшна канонада на Англија. Од тој момент кога Хари Кејн од пенал го отвори резултатот па сè до 58-ма минута Ирска прими три гола и губеше 3:0. До крај Англичаните „пукнаа петарда“ и со 5:0 ги испратија гостите. Меѓу стрелците беше и младиот стопер Тејлор Харвуд-Белис (22) од Саутемптон кој постигна дебитантски гол со глава.

Победа над Фарски Острови за сигурен и доминантен крај во Лига на нации

Македонската фудбалска репрезентација триумфално ја заврши годината и го потврди првото место во групата, а со тоа и промоцијата во Лига Б. За пласман во баражот за Светско ќе мора да ја почекаме разврската.

Дали и како Македонија може до бараж за СП преку Лига на нации?

Многу од спортските портали во Македонија, по гостинската победа над Ерменија напишаа дека ќе играме БАРАЖ ЗА СП - со оглед на тоа што ќе бидеме прво место во групата „4“ од сегментот „Ц“ во Лигата на нации. Реалноста е малку поинаква. 

Пред очите на Доналд Трамп, Џон Џонс го разби Стипе Миочиќ и му ја заврши кариерата

Ветеранската битка која што се чекаше повеќе од една година конечно се оствари. Во Њујорк во спектаклот УФЦ 309 се бореа големите шампиони Џон Џонс и Стипе Миочиќ. Џонс победи и на крај направи шоу со Доналд Трамп кој седеше во прв ред.

Се огласи Тајсон со соопштение

Чудо не се случи. 58-годишниот Мајк Тајсон се врати во професионалниот ринг после цели 20 години и прилично очекувано изгуби од младиот боксер-јутјубер Џејк Пол. Тајсон беше пред пораз во третата рунда, зададе само 18 удари а прими 97 и на крај изгуби по судиски поени.

Пресудија годините, Мајк Тајсон загуби од јутјуберот Пол

Џејк Пол, синоќа во Тексас, САД, со едногласна одлука на судиите го совлада легендарниот боксер Мајк Тајсон. 31 година помладиот јутјуберот и инфлуенсер му покажа голема почит на челичниот и му се поклони.

Што е со слободниов удар во Африка, па не се гледа топката?

Запознајте го Абубакари Коита од Мавританија, инаку член на АЕК Атина, кој со ненормален гол го отвори гостувањето против Боцвана во Африканскиот Куп на нации. Значи не Роберто Карлос од Бразил, туку Абубакари од Мавританија. Отиде мрежата.

Бундеслигаши ќе го напуштале Х поради Илон Маск

Германски Сент Паули реши да се повлече од познатата светска мрежа Х за која велат дека била генератор на хомофобија. Има муабет дека и други би тргнале по нивни стапки.

Протече документ за кој се тврди дека е сценарио за борбата Тајсон - Пол

Светот е во исчекување, Нетфликс ќе врши пренос, ВИП картите се продаваат по 5 бона. Ќе губи ли стариот или пак без старца нема ударца? И дали е можно да има однапред смислени валкани игри?

Столе испрати порака од Градски до Валенсија

Незаменливиот чувар на голот на Македонија сезонава нема клупски настапи, но затоа за репрезентација нема примен гол на последните четири средби. По завршувањето на синоќешната победа над Летонија од 1:0, извади маица со емотивна порака: „За сите жртви во Валенсија…Напред Валенсија“.

Кои клубови им даваат најмногу шанси на млади играчи?

Ако се види табелава нема да чуди претпоставката дека Франција е фудбалски обезбедена за наредни години. Француските клубови им даваат најголема шанса на младите фудбалери. Бројни француски прволигаши пуштаат „во оган“ тинејџери по 17-18 години. Од нив после некои ќе стигнат и до А тимот на Франција. На табелата Барселона е лидер откако се вратија на правата приказна со Ла Масија.