„Причината за напуштање е: сопственикот Илон Маск од соба за дебата направи генератор на омраза што исто може да се одрази на германските федерални избори. Откако Маск го презеде Твитер, тој го направи Х машина на омраза. Расизам и теории на заговор се шират слободно и дури се негуваат. Навредите и заканите ретко се казнуваат и се пласираат како слобода на говор“, стои во клупското соопштение на Сент Паули.
Тие одат до таму што тврдат и дека по изборната победа на Доналд Трамп за претседател на САД, тој рекол дека ќе го направи Маск главен на нова агенција и дека сега би можел „да промовира автократија, мизантропија и десничарски екстремизам во кампањата за претседателски избори и да манипулира со јавниот дискурс“.
На Сент Паули наводно и уште неофицијално ќе му се придружеле уште и некои други германски клубови.