Се огласи Тајсон со соопштение

Чудо не се случи. 58-годишниот Мајк Тајсон се врати во професионалниот ринг после цели 20 години и прилично очекувано изгуби од младиот боксер-јутјубер Џејк Пол. Тајсон беше пред пораз во третата рунда, зададе само 18 удари а прими 97 и на крај изгуби по судиски поени.

Треба да му се одаде големо признание на Мајк Тајсон што на свои 58 години собра храброст и се спреми да боксува жестоко против 30 години помлад ривал кој е во голем полет.

Мајк искресно се исповедал после мечот дека е добро што воопшто и дошол до тука.

„Ова е еден од оние случаи, кога си изгубил, но сепак си победил. Јас сум благодарен за синоќешната вечер. Никаква жал нема за тоа што последен пат се најдов во рингот.

Јас во јуни за малку ќе умрев. Имав осум трансфузии на крв. Изгубив пола од својата крв и цели 11 килограми во болница. Морав да се борам за да оздравам и за да се борам пак така што тоа е победа.

Се за тоа моите деца да видат како стојам раме до раме со во ринг и се тепам осум рунди со талентиран борец кој е два пати помлад од мене. И сето тоа пред преполн стадион на Далас Каубојс во Тексас. Тоа е искуство што ниеден човек нема право да го бара. Ви благодарам“, напиша легендарниот Мајк Тајсон на социјалните мрежи.

Џејк Пол кој славеше победа, му одговорил исто со благодарност и му напиша дека Мајк е инспирација за сите нив.

Пресудија годините, Мајк Тајсон загуби од јутјуберот Пол

17 ноември 2024 - 08:54