Пресудија годините, Мајк Тајсон загуби од јутјуберот Пол

Џејк Пол, синоќа во Тексас, САД, со едногласна одлука на судиите го совлада легендарниот боксер Мајк Тајсон. 31 година помладиот јутјуберот и инфлуенсер му покажа голема почит на челичниот и му се поклони.

Foto: EPA

„Челичниот Мајк“, кој се врати во рингот на 58-годишна возраст и кој последната борба ја имаше во 2005-та, долго се подготвуваше за ова соочување. 

Но беше премногу бавен и тоа доведе до пораз по одлука на судиите во осум рунди кои бодуваа 80-72, 79-73 и 79-73 во корист на Пол.

Тајсон агресивно влезе во борбата, го бркаше Пол на почеток и се држеше добро во првите две рунди, но потоа Пол одговори со неколку силни удари.

За Џејк Пол ова е единаесетта победа во 12 борби. Тој стана познат како јутјубер и инфлуенсер, а боксерската кариера ја почна во 2020 година.

Финансиски одлично се офајдија и двајцата. Џејк Пол како победник заработи 40 милиони долари, а Тајсон 20.

16 ноември 2024 - 11:21