Супер голот на Кристијано Роналдо против Полска

Во група 1 од А дивизија во Лига на Нации Португалија и Кристијано Роналдо играат совршено. Португалците во петокот ја размонтираа Полска со 5-1 иако до 59-та минута резултатот на семафорот беше 0-0. Кристијано Роналдо (39) даде два гола, еден во 72-ра од пенал и еден во 87-ма минута со ножички за конечни 5-1.

Кристијано Роналдо има пет гола на пет меча во актуелното издание на Лига на Нации а не постигна погодок само против Шкотска. Тој е најдобар стрелец во Лига на Нации заедно со високиот Словенец Бенјамин Шешко со кого имаат по пет погоодоци.

Кристијано го подобри и светскиот рекорд по број на постигнати голови за репрезентација и сега е на квотата од 135.

Во оваа група 1 од Лига А во Лига на нации Португалија е прва со 13 бода, Хрватска втора со 7 бода а Полска и Шкотска се на трето и четврто место со по 4 бода.

Standings provided by Sofascore
18 ноември 2024 - 09:19