Фудбалер на Тотенхем казнет 7 меча и 100.000 евра за шега на сметка на Кореецот Сон

За англискиот фудбал може да кажете дека е ваков или таков, некому да се допаѓа повеќе некому помалку, ама факт е дека најдобро организираната лига на свет е токму англиската Премиер лига. Кај нив ништо не се препушта на случајот, особено не невкусни зафрканции.

Уругвајскиот репрезентативец и долги години еден од лидерите на Тотенхем, Родриго Бентакур добил драстична казна од дури 7 меча суспензија и 100.000 фунти парична казна поради шега со соиграчот и пријател Сон Хин Мин.

ШТО БИЛО?

Бентакур еднаш се пошегувал на една уругвајска телевизија изминатото лето. Кога водителот на уругвајскиот канал Canal0 Рафел Котело го прашал фудбалерот дали може да му подари дрес од неговиот соиграч од Тотенхем, Бентакур одговорил:

„Од Сони? Може да биде и дрес од втор братуечд на Сони. И онака тие (Корејците) сите изгледаат исто“. Водителот кратко рекол: „Па да, очигледно“.

Овој краток дијалог станал ширен по друштвените мрежи а Родриго уште скоро му се извинил јавно на својот соиграч Кореецот Сон.

„Брате Сони! Јас ти се извинувам за тоа што се случи. Беше просто лоша шега. Ти знаеш колку јас те сакам тебе. Никогаш не би пројавил непочит кон тебе и не би ти причинил болка. Те сакам брате!“

После еден месец англиската фудбалска федерација (ФА) отворила истрага за случајот и го обвинила Уругваецот за „несоодветно поведение“ и за „навредлив речник со национален или расен признак“.

Канзата на Бентакур нема да важи за Лига Европа туку само за во Премиер лига.

Сон Мин долго после скандалот го заштити својот пријател и соиграч во медиумите:

„Зборувавме со Бентакур. Тој направи грешка, знае за тоа и се извини. АТој никогаш намерно не би кажал такво нешто. Ние сме браќа. Ништо не е сменето. Поминавме низ тоа и сега одново сме во подготвителен период. Ќе се бориме за нашиот клуб како едно.

Секако и јас го сакам Родриго. Ние имаме многу добри заеднички моменти. Ние сме заедно откако тој е во клубот. Тоа (скандалот) беше одамна. Тој се разбра и веднаш се извини. Бевме на одмор тогаш. Седев дома и не ни сфатив што се случува. Бентакур ми прати долго соопштение, беше очигледно дека беше пишано од срце. Му беше многу срам“.

18 ноември 2024 - 12:17